Виена  - Долина Вахау
На прекрасниот Дунав
 
Вахау, Лихтенштајн, Баден
 
 

16.03.2023 (четврток)  Скопје – Ѓер
Поаѓање од Скопје во 18 часот. Ноќно возење со гранични формалности и кратки паузи за одмор.




17.03.2023 (петок) Ѓер - Виена
На половина пат од Будимпешта до Виена сместен е Ѓер, опуштен град од 150.000 жители и после Будимпешта, најинтересен по архитектура и историја. Како вистински пример за мал средновековен град, Ѓер " врие" од цркви, тесни улички и згради со орнаментни фасади и карактеристични аглести тераси. За време на најголемата експанзија на Отоманската Империја Ѓер се наоѓал на границата меѓу исток и запад, а неговите жители се горди што успеале да ја зачуваат илјадагодишната традиција на христијанството.  

Пристигнување во  Ѓер во утринските часови. Прошетка со водич во центарот на градот: Стариот град, Оварош, на реката Раб и Дунав и кој го зачувал својот автентичен изглед, Плоштадот Bécsi kapu, плоштадот и музејот Sečenj, Бенедиктинска црква,.. Улици, плоштади, куќи и занаетчиски дуќани не враќаат назад во времето.. Палатата Ziči,  палатата  Esterhazi..  и сите скриени богатства кои ги има овој преубав безвременски град. Патот продолжува кон Виена. Сместување во хотел. Ноќевање



18.03.2023 (сабота) – Виена
 На убавиот син Дунав лежи главниот град на Австрија, уште една златна европска престолнина и омилена дестинација на љубителите на европското наследство, уметност, балови и валцери, богато декорирани палати и паркови, историја, префинетост и убави манири.Виена е град кој освојува со својот раскош, пред сé.

Доручек. Панорамски разглед на Виена со водич во строгиот центар на градот:  Рингштрасе (Ringstraße), најважната улица во Виена представува прстен околу градот и неговите најголеми знаменитости како што е Палатата Хофбург, царска престолнина на големата Хабсбуршка Монархија, огромен комплекс на палати и паркови во која се чува непроценливата круна на Светото Римско Царство, Катедралата на Свети Стефан со 23 sвона , меѓу кои и sвоното на Света Марија кое тежи цели 20 тона и таму е одржана свадбената церемонија и погребот на големиот Волфганг Амадеус Моцарт .            Факултативна посета на Дворецот Белведере, најубавата барокна зграда на светот е подигната во 18 век како летна резиденција на принцот и големиот војсководец Еуген Савојски, денес е музеј со најпознатите дела на австриската уметност од средниот век па досега, но и дела на францускиот импресионист Клод Моне и холандскиот постимпресионист Винсент Ван Гог. Дел од комплексот е и барокно уредениот парк кој е проектиран од француски архитект и оттаму има примери во паркот на Версај.Градината е преполна со скулптури, фонтани и водени каскади. Од горната палата освен кон градината се пружа преубав поглед на Виена и оттаму доаѓа и името на дворецот (убав поглед). По прошетката во дворецот, слободно време за уживање во Виена. Ноќевање.
 


19.03.2023 (недела) Долина Вахау
Помеѓу Кремс и Мелк,  Дунав го креирал еден од најубавите региони во Австрија и еден од најсликовитите предели на Дунав.Не е ни чудо што Вахау е омилен мотив за уметниците за пејзаж од цел свет. Крајолик кој човекот го направил поубав, раритет кој важи овде. Населен уште од камено доба, а Римјаните го засакале поради благата клима со плодно тло и сонцето кое сјае насекаде по долината. Граделе дворци, самостани, планирале градови.Кога денес се возите во Вахау, имате чувство дека таму со невидлива рака е споено сé во една целина, ридови и градови, овоштарници со кајсии, лозја, шуми, полиња и Дунав во средина.Вахау нуди наделеку познати вина, жестоки пијалоци и најдобри кајсии
 
Доручек. Поаѓање на целодневна екскуразија до Долината Вахау, во покраината Долна Австрија. Панорамски погледи кои ќе ви го одземат здивот, од 2000 година под заштита на УНЕСКО. Посета на барокниот град Кремс. Историјата на ова градче е околу 1000 години и ќе ја забележите дури и во најситните детали. Посета на градот Дирнштајн, по калдрмата па се до прекрасната барокна Сина црква,  панорамски разглед на остатокот од средновековниот замок каде дел од животот го поминал и големиот Ричард со лавовско срце. Продолжуваме до населбата Spitz, формирана во близина за дворецот Hinterhaus, на левата страна од Дунав, опкружено со терасести виногради со поглед кон реката Дунав. Слободно време, можност за дегустација на квалитетно вино и  закуска.
Следен е Мелк. Слободно време или факултативна посета на Бенедитинската опатија Мелк. Разглед на просториите, секоја со своја автентична симболика. Посета на познатата Библиотека и неверојатната барокна црква.
Враќање во хотел. Ноќевање.
 


20.03.2023  (понеделник) Виена – Лихтенштајн – Баден  
 
Доручек. Одјавување од хотел. Факултатитвна посета до замокот Лихтенштајн и градот  Баден. Замокот Лихтенштајн, автентично и вооушевувачко доживување на средновековната доба кое изгледа како сценографија за витези и плавокоси девојки од некои одвеани времиња. Огромна збирка на стари оклопи, оружја и слики внатре, а надвор многу бастиони и куполи. Во 19  и почетокот на 20 век бил резиденција, но во втората светка војна бил значително оштетен.Со помош на многубројни непрофитни организации бил обновен и денес е светска атракција.

Патот продолжува кон Бањата Баден, позната од римска доба. Овој град изгледа како класичен аристократски град за виенската елита од 19.век. Додека се шетате по калдрместите улици, ќе забележите дека делата на Бетовен се присутни на секој чекор. Тој бил чест гостин во овој град, дури и некои делови од величенствената Деветта симфонија ги компонирал токму овде.
Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.
 


21.03.2023 (вторник)
Пристигнување во Скопје околу 5 часот наутро.
 
                                  
Цена за рана резервација до 10.02    249
Редовна цена    279€
 
Во цената е вклучено:
-Превоз со високотуристички автобус
-Екскурзии според програмата
-3 ноќевања во хотел Eventhotel Pyramide 4*
-Пратител и водич на патувањето
 
Во цената не е вклучено:
-пешачка тура во Ѓер – 6€
-разглед на Виена со водич – 20€
-Замок Белведере (влезница, превоз, водич)  - 25€
-Долина Вахау – (превоз 250км, водич)40€ 
-Бенедиктинска опатија Мелк  (тура со вклучена влезница) 20€
-Дворец Лихтенштајн и Бања Баден – (превоз, влезница, водич) 35€
-туристичка такса 1,6€ по лице од ноќ

-доплата за еднокреветна соба 110 евра
 -индвиудуални трошоци

Пакет за уплата на сите екскурзии : 120 евра
 
 
 
 
 
Опис на сместувачкиот објект:
Се наоѓа на 19км од центарот на Виена, нуди голем спа центар и простор за рекреација со внатрешен и надворешен базен. Достапен wi – fi низ целиот хотел. Климатизирани соби,минибар, ТВ САТ, опкружен со зелена површина од 45000м.
 
Напомена:
 
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За оваа програма важат Опшите Услови на патување на  т.а. Травити
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
 
 
 
Начини на плаќање:
 
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 15 дена пред поаѓање. 
 
Општи напомени за патување:
Т.а.Травити  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.