24.05.2024 - Состанок на групата на пред хотел Вип во 08:00 часот. Организиран трансфер до Аеродромот во Тирана  Полетување од Тирана во 18:30, пристигување во Абу Даби на  25.05.2024 мај во 01:40 (локално време). Трансфер од аеродром до Дубаи. Сместување во хотел.Ноќевање.

25.05.2024
 Претпладне слободно време. ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице 

Појадок. Во попладневните часови трансфер од Дубаи со jeep 4x4, се упатуваме кон Hatta и Oman, напуштање на границите на урбаното во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат (off-road) и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини кон планината Hajar. По краток одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини. На крај пристигнуваме на фарма за камили и правиме краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, застануваме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со  ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), можност за цртеж од к'на со традицонални арапски мотиви. Можност и за јавање на камили.
Враќање кон хотелот. Ноќевање.

26.05.2024
 ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 7-12 Pax –  (ако се пријавени под 7 лица тура е индивидуална и е поскапа) 
  ПОСЕТА НА MIRАCLE GARDENS,
BURJ KHALIFA ( вклучено во цената )  + DROW CRUISE 

Појадок. По појадокот започнува нашата полудневна градска тура и разглед на Дубаи. Tурата започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. На враќање панорамски ги гледаме DUBAI MARINA и JBR THE WALK. Потоа го посетуваме познатиот пазар MADINAD JUMЕIRAH, наречена уште и Мала Венеција, каде ќе имаме пауза за мала закуска и кафе пауза. Од тука е и најубавиот поглед кон Burj Al Arab и се прават најдобри фотографии. Потоа одиме да ги видиме градините со милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина. Потоа нашата екскурзија ја продолжуваме во Burj Khalifa - највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот. Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање.

27.05.2024
 ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА  ПОСЕТА НА MIRАCLE GARDENS, BURJ KHALIFA ( вклучено во цената )  + DROW CRUISE 
По појадокот одиме да ги видиме градините со милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина. Потоа нашата екскурзија ја продолжуваме во Burj Khalifa - највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот. Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевањ
е.



28.05.2024
Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi + GLOBAL VILLAGE 
Појадок. Се уплатуваме кон Абу Даби и џамијата Шејк Зајед.Опколена со бујни градини, нејзините впечатливи бели мермерни ѕидови ги пречекуваат сите посетители на Абу Даби. Џамијата Шејк Зајед е една од најголемите џамии во светот, нејзината уникатна архитектура е создадена од испреплетеноста на повеќе исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. Вечерта продолжуваме во Global Village -- "мини град" во кој се претставени повеќе од 90 држави! Шетаме по различните "села", ја пробуваме нивната традиционална храна и купуваме традиционална ракотворба. Така имаме шанса метафорично да патуваме и да се запознаеме со нивните култури. Враќање во хотел. Ноќевање.


29.05.2024
Појадок. Одјава од хотел . Трансфер до аеродромот во Абу Даби. Во 14:05 полетувме од Абу Даби  и во 17:55 слетуваме во Тирана. Трансфер до Македонија.
 

 

ПРОМО ЦЕНА ДО 25.03.2024 - 599 ЕУР
РЕДОВНА ЦЕНА 699 ЕУР  

 

 

 

 Во цената е вклучено
 - Повратен трансфер  од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
- 5 ноќевања со појадок во хотел İbis Dubai Al Barsha Hotel
- Авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
- Повратен трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
- + ГРАТИС ЕКСКУРЗИЈА BURJ KHALIFA


Во цената не е вклучено
- Факултативни екскурзии:
ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА
- Градска тура 
- MIRАCLE GARDENS, BURJ KHALIFA ( вклучено во цената )  + DROW CRUISE 
- Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi + GLOBAL VILLAGE 
ПАКЕТ за уплата на сите факулативни екскурзии 310 еур

ФАКУЛТАТИВИ ДОКОЛКУ НЕ СЕ КОРИСТИ ПАКЕТОТ
ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА    - 70 ЕУР
- Градска тура 70 ЕУР
MIRАCLE GARDENS 40 ЕУР
BURJ KHALIFA 70 ЕУР
DROW CRUISE 70 ЕУР
Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi 70 ЕУР
GLOBAL VILLAGE 40 ЕУР


 

*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА

 УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  •  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)   
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 

 

Важни напомени:
За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  ta_traviti@yahoo.com). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.
За оваа програма важат Опшите Услови на патување на Травити Дооел.

Начини на плаќање:
30% при резервација, остатокот 14 дена пред поаѓање

Општи напомени за патување:

 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.