Романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со вински насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и “доминира” со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно  гратче сместено на брдата на Тоскана… славно по уникатната средновековна архитектура и по кулите, кои се гледаат на километри далечина…
 
 
1 ден   16.12.2022 Скопје – Болоња
Состанок на групата во 17 часот.на скопскиот аеродром.
Полетување за Болоња во 19:15 часот.
Слетување во Болоња во 21:05 часот.
Трансфер до Монтекатини (околу 90 минути возење).
Пристигнување во хотел.
Ноќевање.
 
2  ден   17 .12.2022  Сиена и Сан Џимињано
Појадок. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот со водич: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio... Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.
 
3  ден   18 .12.2022  Пиза и Лука
 Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Пиза и Лука.
Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот со водич,  каде ќе ги видиме трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е едно од најпосетените и најфотографирани светски атракции).
Разглед на Лука - шармантен град кој ги зачувал своите средновековни цркви, палати, улици и плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини кои датираат од 16 - 17 век, разгледување на стариот град, катедралата „Св. Мартин“, црквите „Св. Михаил на форумот“ и „Св. Фредјан“, овалниот квадрат. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 
3  ден   19 .12.2022  Фиренца
Појадок. Одјава од хотел.Поаѓање за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Поаѓање кон аеродромот во Болоња (возење околу еден час)
Полетување за Скопје во 21:25.Пристигнување во 23:05.

 
 


Цена 399 
Сигурна реализација!

Во цената на аранжманот е вклучено:
 
  • Повратен авионски билет Скопје – Болоња  - Скопје
  • Повратен трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20
  • 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел со 3* во Монтекатини
  • Целодневна посета на Фиренца (со вклучен трансфер и водич)
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
 
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (со вклучен трансфер и водич) – 50€
  • Посета на Пиза и Лука (со вклучен трансфер и водич)  – 40 евра
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини
  • Доплата за еднокреветна соба 2300 денари
  • Доплата за чекиран багаж 10кг = 2800денари; 20кг = 4300 денари
  • Патничко здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци