ПОРТО и ЛИСАБОН

 

Порто, крајбрежениот град, познат по своите прекрасни мостови и производство на вино, во средновековниот кварт Рибеира тесните улички со калдрма минуваат покрај куќите на трговците и кафулињата. Црквата Сао Франциско е позната по раскошниот барокен ентериер со украсени позлатени резби. Палатата Паласио де Болса од 19 век, порано берза, е изградена за да ги импресионира потенцијалните европски инвеститори.

Лисабон е ридски, крајбрежен главен град на Португалија. Од импозантниот замок Сао Хорхе, погледот ги опфаќа градбите со пастелни бои на стариот град, утоката Тагус и висечкиот мост Понте 25 де Абрил. Непосредно надвор од градот, низа плажи на Атлантикот, од Кашкаиш до Есторил...

 

Авион  7 дена / 5 ноќевања

 

20 Април             Скопје - Истанбул

Состанок на аеродромот во Скопје во 18:30часот. Полетување за Истанбул во 20:50 часот. Слетување во Истанбул во 23:25 часот (локално време). Слободно време, летот за Порто е следниот ден во 08.15 часот.

 

21 Април             Истанбул - Порто

Слетување во Порто во 11.05 часот (локално време). Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Во попладневните часови можност за прошетка и запознавање на градот. Факултативна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.

 

22 Април             Порто  

Појадок. Разглед на вториот по големина град во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готски стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос,  Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)... Ноќевање.

 

23 Април              Порто - Лисабон

Појадок. Одјвување од хотел  и заминување за Лисабон со организиран трансфер. Попатна посета на Фатима и Коимбра. Фатима денес е важен центар на аџилак на католичките верници, името го добива по муслиманската принцеза Фатима која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана.
Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја, се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости, од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290 година, во минатото имала свој сопствен суд и затвор за студенти и професори, а се наоѓал под библиотеката.
Пристигнување во Лисабон. Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- фадо. Ноќевање.

 

24 Април              Лисабон – Парк на нации

Појадок. Разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура, но го задржува и своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV,  Плоштадот Рестауредорес со споменикот, симболот на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,  Плоштадот Комерцио, кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Разгледот продолжува со прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот, изграден за потребите на ЕXPO ’98, последната најголема светска изложба во 20ти век, а денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Комбинација на многубројни изложбени простори, шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама”.
Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама.
Најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на лавиринт со тесни калдрмести улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.

 

25 Април                             ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ

Појадок. Организиран, целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е  најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање

 

26 Април             Лисабон – Истанбул - Скопје

Појадок. По  појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 11:25 часот. Пристигнување во Скопје во 20:00 часот.

 

 

 

За уплати до 23 Март       45.200 денари  (729 евра)  

 

 Цена на аранжманот          51.400 денари  (829 евра)

 

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Порто / Лисабон – Истанбул - Скопје

со авио компанијата Turkish Airlines

  • Чекирано парче багаж (куфер) до 20кг и рачен багаж до 8кг
  • Трансфери на релација аеродром – хотел Порто и хотел - аеродром Лисабон
  • Трансфер на релација Порто - Лисабон
  • 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3* во Порто
  • 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3* во Лисабон
  • Разглед на Порто и Лисабон
  • Посета на градовите Фатима и Коимбра
  • Лиценциран придружник и организација на патувањето

 

Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:

  • Аеродромски такси 11.800 мкд
  • Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена - 85 еур
  • Факултативна вечера со традиционална фадо музика (превоз, вечера со вклучен пијалок) - 90€
  • Факултативна посета на винарија со дегустација на  (две) вина
  • Туристичка такса – 1240 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници во музеи и културно историски споменици
  • Карти за локален превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 210 евра
  • Патничко- здраствено осигурување

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

За патување во Португалија потребно е да се поседува КОВИД 19 сертификат за примени 2 дози од ЕУ признаени вакцини (со поминати 14 дена од втората доза ) и важност од 270 дена или потврда за прележан КОВИД не постара од 180 дена.

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТРАВИТИ.