Хотелот Лихнос Бич се наоѓа на околу 2,5 км од Парга,  во заливот на Лихнос, на сопствена плажа.
Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда и бунгалови распоредени каскадно кон морето.
Хотелот е изграден во 80-тите години на 20 век, но реновиран е во  2015 година.
Покрај огромна зелена градина и прекрасен прием, хотелот нуди:  2 ресторани, лоби бар, бар на плажа, голем базен со детско катче, безжичен интернет на јавни места (бесплатно), детско игралиште, продавница, менувачница, хотелско комбе ( редовен превоз до Парга, бесплатно),  услуга во соба, перење алишта, лежалки и чадори.
Атракција која дефинитивно треба да ја искусите се водените такси-чамци кои пловат на линиите Парга-Лихнос-Валтос по цена од 3-7 евра по лице во правец., Секоја соба во хотелот им нуди на гостите: бања со фен, сателитска ТВ, телефон, мал фрижидер, сеф (без дополнителни трошоци), клима уред, безжичен интернет (без дополнителни трошоци), папучи и бањарки.

 
Lichnos-Beach ценовник  

ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.03.2022 20% ПОПУСТ

УПЛАТА 50% ВЕДНАШ И 50% 21 ДЕН ПРЕД ПРИСТИГНУВАЊЕ