ИСТАНБУЛ во Декември
07.12.2023 – 10.12.2023 | 3 ноќи - 4 дена | Лет од Скопје
Авионска програма ✈
Истанбул - градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 20 милиони луѓе.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден. ( 07.12.2023 ЧЕТВРТОК ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:45 часот. Лет за Истанбул во 08:45 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 12:20 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз до плоштадот
Таксим, прошетка по познатата улица
Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на
Галата Кула, прошетка по живописната и шарена населба Балат, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум. Враќање во хотел.
Ноќевање.
2 ден (08.12.2023 ПЕТОК ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на
Џамија Султан Ахмед, наречена и
Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствената Џамија со 6 минариња, посета на
Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на
Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни
Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во
Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.
ПРЕДЛОГ ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – Ноќно крстарење по Босфор – ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД ! Целовечерно крстарење по Босфор, под спектакуларните мостови кои што ја поврзуваат Европа со Азија, проследено со целовечерна забава и шоу, со неограничени пијалоци и вкусни турски специјалитети.
3 ден ( 09.12.2023 САБОТА ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативен излет: Панорамски разглед на градот со локален водич, Европски и Азиски дел, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството
, Вселенската Патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата
, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативен излет, популарното крстарење по
Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Можност за посета на
Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
4 ден (10.12.2023 НЕДЕЛА ) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот и еден од најголемите трговски центри
ФОРУМ Истанбул кој е богат со многу бутици, продавници и аутлети од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 20:25 часот по локално време . Пристигнување во Скопје во 19:55 часот по локално време
ИСТАНБУЛ - ДЕКЕМВРИ 2023
АВИОНСКА ПРОГРАМА
ХОТЕЛ 4* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ |
07.12– 10.12.2023 |
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ |
07.12– 10.12.2023 |
УСЛУГИ |
3BB |
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ |
3Н/4Д |
Цена по лице во двокреветна соба |
435 € / 26.970 мкд |
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 31.Октомври |
395 € / 24.490 мкд |
Доплата за еднокреветна соба |
80 € / 4.960 мкд |
Во цената е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines
- Аеродромски такси, рачен и чекиран багаж ( до 23кг )
- Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот централен дел на Истанбул
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Прошетки со придружник на групата
- Организирани трансфери во Истанбул: аеродром - хотел – аеродром ( на враќање со попатен стоп во FORUM MALL )
Во цената не е вклучено:
- Патничко здравствено осигурување
- Дополнителни оброци и пијалоци
- Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
- Факултативни посети, излети и влезници
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
- Излет 1 ( 60 € ) Султанахмет ( Аја Софија, Сина Џамија, Хиподром ) Топкапи Палата, Капали Чаршија со вклучени влезници и локален водич, без влезница за Топкапи Палата цената на овој излет изнесува - 35 €
- Излет 2 ( 85 € ) Панорамски разглед Европски и Азиски дел, Вселенска Патријаршија, Долмабахче палата и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници во објектите ( влезница во Sapphire Seyir Terasi не е вклучена, истата чини 30 €) Без влезница за Долмабахче палата цената на овој излет изнесува – 65 €
- Излет 3 ( 45 € / 55 € ) Ноќно крстарење – Турска вечер, ( традиционални танци, стомачни танци, забавен дел) – 45 € - со неограничени безалкохолни пијалоци, 55 € - со неограничени алкохолни пијалоци, вклучен трансфер од/до хотел.
- Таксим – прв ден 20 € по лице
ПАКЕТ факултативи:
Излет 1 & Излет 2 : 145 € 135 € по лице ( 165 € со Sapphire Seyir Terasi )
Забелешки:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници.
- Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
- Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
- За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
- За овој аранжман важат општите услови на патување.
- Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.