Истанбул | Велигден

22.04.2022 - 25.04.2022

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти. Главниот град на 3 империи ќе Ве освои, бидејќи не е само име од историјата. Ова е единствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители 

 
1 ден
22.04.2022 -Петок
Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:40 со бр. на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 11:15 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог-Прошетка по Султан Ахмет, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис, Посета на Karakoy –место со премногу улички со кафичи, една од нив е познатата улица на чадорите… Ноќевање.
 
2 ден
23.04.2022 -Сабота
Појадок. По појадокот, Факултативно- разглед на градот со стручен водич: Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј.... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустинијан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата веднаш ја претворил во џамија, а Кемал Ататурк во 1935 од Аја Софија направил Музеј. Од 10 јули оваа година Аја Софија повторно се користи како џамија. Посета на Pierre Loti, познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул. Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи. Враќање во хотел.Ноќевање

3 ден
24.04.2022 -Недела
Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Градена во Европски стил во 19 век е една од најгламурозните палати во светот, Палатата зрачи со луксуз. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Посета на најголемиот јавен парк Emirgan Park (117 хектари ) кој датира пред илјадници години уште од Византиско време, се наоѓа на Европската страна на брегот на Босфор во местото Sariyer. Посета на Camlica Tower, највисоката кула која се наоѓа на ридот Camlica на Азиската страна на Истанбул. Висока е 369 м, има 53 ката и претставува најголема туристичка атракција во Истанбул. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. Исто така може да го посетите и монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр. Во вечерните часови ФАКУЛТАТИВНО –Забава на брод, Да се доживее Истанбул ноќе-прекрасна ноќна панорама на Истанбул со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
4 ден
25.04.2022 -Понеделник
Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во зграда висока (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино:(надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Враќање во хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 16:00. Полетување за Скопје во 19:35 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 20:00.


Хотел: Hotel Centrum 4* 

*за понуда за друг хотел, обратете се во агенцијата

Пакет цена: 369 евра
 

Во цената е вклучено

  • Авио билет Скопје-Истанбул-Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси
  • Организиран трансфер: аеродром - хотел - аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Centrum 4* во Sultan Ahmed
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Целодневен разглед на градот со локален водич, превоз и влезници (55 евра)
  • Европско-Азиска тура: Посета на Палатата Долма Бахче, Крстарење по Босфор, Емирган паркот, Чамлиџа кулата – (70 еур со вклучен брод, влезници, превоз и водич)
  • Турска вечер на брод – 60 еур (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
  • Патничко и здравствено одигурување 185 мкд