Апарт хотел ГОЛДЕН БЕЈ се наоѓа во еден од најекслузивните делови на полуостровот Касандра, помеѓу Пефкохори и Ханиоти, на околу 50 метри од плажа. Комплексот се простира на преку 4000 м2 со убаво уреден двор, ресторан, паркинг, базен и бар покрај базенот и нуди услуга на база полупансион.
Сите капацитети имаат свој балкон, бања, решо - чајна кујна, фрижидер, ТВ, клима (се плаќа 5 евра на лице место доколку се користи) и Wi-Fi. Користењето на лежалките на базен е со нарачување пијалок.
Понудата важи за цело лето.
За детални информации околу слободни капацитети и цени, информирајте се на телефонскиот број на агенцијата.