Дубаи е најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати и без сомнение може да се каже дека е една од наjпосетените дестинации на светот. Се наоѓа на југоистокот на Персискиот залив. За само неколку години, Дубаи стана синоним за луксузен живот, центар на меѓународниот бизнис и атрактивна туристичка дестинација со секој облик на разонода што може да се замисли. Преубави плажи, луксузни хотели, импресивни архитектонски решенија како Бурџ ал Араб, Бурџ Калифа, островот во форма на палма и многу други ќе ви го одземат здивот, а патувањето во Дубаи незаборавно.



03.12 - Состанок на групата во 04:00 часот пред Хотел Вип, Огранизиран трансфер со автобус до Белград, поаѓање накај Белград  во 04:15. Пристигнување во Белград во 09:40. Полетување од Тирана во 12:05. Слетување во Абу Даби во 20:20 часот. Трансфер до хотел во Дубаи. Late chack in. Ноќевање.


ДУБАИ ЗА ВЕЛИГДЕН – DAMA TRAVEL

04.12 - ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 50 евра по лице 
Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Враќање во хотелот.

 
За лицата кои не сакат да се вратат во хотелот, можат индивидуално да останат во молот каде можат вечерта да ги гледаат распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.


Dubai City Tour | Licensed Tour Guide & Deals | 55 AED | Dubai city, Dubai  attractions, Dubai tourism

05.12ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 50 ЕУР по лице 
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.   

Desert Safari Dubai



06.12 – ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСУРЗИИ - прретпладне време за слободни активности или посета на плажа (на пример La mer beach или слично). Попладне тура ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице приватна тура


Dubai Miracle Garden to come into bloom for a new season next month
​​
Dubai's Global Village attracts record-breaking visitor numbers - ARN News  Centre- Trending News, Sports News, Business News, Dubai News, UAE News,  Gulf, News, Latest news, Arab news, Sharjah News, Gulf News, Jobs

07.12 – Одјавување од хотелот во 12:40 часот  трансфер за аеродорoм во Абу Даби. Полетување за Белград во 16:15 часот. Слетување во Белград во 19:00 часот, организиран трансфер до Скопје со автобус .
 

 Цена по лице : 549 ЕУР за резервации до 25.10.2022

                                    Редовна цена 599 ЕУР 

   


Цената вклучува:

  • Огранизиран Трансфер Скопје - Белград - Скопје со автобус
  •  Повратен авионски превоз Белград- Абу Даби со вклучен ранец рачен багаж (40 x 30 x 20 cm)
  • Аеродромски такси
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром во Абу Даби;  
  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга 
  • Организација и реализација на патувањето
  • Оранизирано патување со претскавник од агенцијата и локални водичи во Дубаи 

Цената НЕ вклучува:

  • Влезна виза за  Дубаи   - 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица) 
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • за вакцинирани лица со 2 дози или со бустер потребно е валиден сертификат за вакцинација со QR код (признаени се сите вакцини). За невакцинирани лица задолжително негативен ПЦР тест (48 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи) Овие протокли важат за лица над 12 години. * за деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).   Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање


   Важни напомени 
   Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
    
Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
    Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    
    За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

     Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: ta_traviti@yahoo.com). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

 НАПОМЕНА Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 МКД).

Важат општите услови на патување на TА ТРАВИТИ