Луксузот има име .. Дубаи, во најубавиот период за посета






11.02.2024 - Состанок на групата пред хотел Вип во 03:00 часот. Организиран трансфер до Аеродромот во Тирана  Полетување од Тирана во 12:10 со лет на FlyDubai, пристигнување во Дубаи во 20:30 (локално време). Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.




12.02.2024  ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 7-12 Pax –  (ако се пријавени под 7 лица тура е индивидуална и е поскапа)
Појадок. По појадокот започнува нашата полудневна градска тура и разглед на Дубаи. Tурата започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. На враќање панорамски ги гледаме DUBAI MARINA и JBR THE WALK. Потоа го посетуваме познатиот пазар MADINAD JUMЕIRAH, наречена уште и Мала Венеција, каде ќе имаме пауза за мала закуска и кафе пауза. Од тука е и најубавиот поглед кон Burj Al Arab и се прават најдобри фотографии. Слободно време за плажа. Во вечерните часови одиме во посета на DUBAI MALL . Во молот ги гледаме распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот и има изведба на секои 30 минути). Слободно време за индивидуалкни активности и шопинг.  Во попладневните часови одиме во Dubai Mal, еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици ресторани, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еднаква на 200 стадиони. Не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот…Враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време за посетa на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!! . Индивидуално враќање во хотелот. Ноќевање.



13.02.2024
 Претпладне слободно време. ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице 

Појадок. Во попладневните часови трансфер од Дубаи со jeep 4x4, се упатуваме кон Hatta и Oman, напуштање на границите на урбаното во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат (off-road) и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини кон планината Hajar. По краток одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини. На крај пристигнуваме на фарма за камили и правиме краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, застануваме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со  ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), можност за цртеж од к'на со традицонални арапски мотиви. Можност и за јавање на камили.Враќање кон хотелот. Ноќевање.

14.02.2024
NIKI Beach + DROW CRUISE 
Слободен ден во Дубаи. Овој ден препорачуваме да го поминете во еден од најреномираните beach клубови на  - Nikki Beach Club или целодневно уживање во Bla Bla. Nikki Beach Bar е дефинитивно најексклузивниот beach bar во Дубаи! Се наоѓа на плажата Peral Jumeirah. Beach барот има лежалки покрај море, неколку базени и шанкови, а живата музика навистина ни ја прави аатмосферата незаборавна!! Bla Bla е колекција од 20 барови, 3 ресторани и 1 beach bar на едно место. Всушност Bla Bla е можеби и нашето омилено место во Dubai, поради тоа што има по нешто за сечиј вкус (Irish Bar, Record Room, Mexican Bar, Club, Beach Bar итн.) секое место со сопствена приказна и уникатен концепт!  Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови,  како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање




15.02.2023 
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА  ПОСЕТА НА ПОСЕТА НА MIRАCLE GARDENS, BURJ KHALIFA + GLOBAL VILLAGE 
По појадокот одиме да ги видиме градините со милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина. Потоа нашата екскурзија ја продолжуваме во Burj Khalifa - највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на "врвот на светот... Вечерта продолжуваме во Global Village -- "мини град" во кој се претставени повеќе од 90 држави! Шетаме по различните "села", ја пробуваме нивната традиционална храна и купуваме традиционална ракотворба. Така имаме шанса метафорично да патуваме и да се запознаеме со нивните култури. Враќање во хотел. Ноќевање.
 

16.02.2024 
Ран Појадок. Одјава од хотел. Трансфер до аеродромот во Дубаи. Во 08:05 полетувме од Дубаи и во 11:10 слетуваме во Тирана. Трансфер до Македонија.

 

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 799 EUR 

  
 Во цената е вклучено:
 - Повратен трансфер  од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
- 5 ноќевања со појадок во хотел İbis Dubai Al Barsha Hotel
- Авио билет со сите такси на релација Тирана - Дубаи со Fly Dubai , во економска класа со вклучен чекиран багаж до 20kg + рачен багаж до 10kg
- Повратен трансфер од аеродром до хотел 

 


Во цената не е вклучено:
- Факултативни екскурзии:
ГРАДСКА ТУРА 60 еур 
ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - 70 еур
- MIRАCLE GARDENS, BURJ KHALIFA + GLOBAL VILLAGE  120 еур
DROW CRUISE 70 еур

ПАКЕТ за уплата на сите факулативни екскурзии 290 еур


Патничко и здравствено осигурување
Туристичка такса за престој (се плаќа директно во хотелот)
Доплата за еднокреветна соба ( информации во агенција)
Виза и осигурување за влез во Дубаи 95€
 

*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА

 УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 30% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  •  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)   
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 

 

Важни напомени:
За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  ta_traviti@yahoo.com). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.
За оваа програма важат Опшите Услови на патување на Травити Дооел.

Начини на плаќање:
30% при резервација, остатокот 10 дена пред поаѓање

Општи напомени за патување:

 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.