Традиционални села на Ситонија


Koга посетуваме некоја нова област или остров во Грција, во потрага сме по традиционални села.
Туристичките места на крајбрежјето се прилагодени за туристите, додека местата во внатрешноста се обично душата на областа или островот.

Надвор од сезоната, животот се одвива токму во тие места.
На пример, на Тасос, во местото Теологос има повеќе жители отколку на Golden Beach или Потос.

На Ситонија, местото Агиос Николаос е потполно неважно за туристите затоа што е во внатрешноста на кракот, а е во суштина многу важен за жителите.

Таму има здравствен центар. полиција и додека надвор од сезона, Сарти е скоро празен,  во Агиос Николаос има се што им е потребно на тамошните жители.


Децата од Сарти, после петто одделение, патуваат на училиште до Сикија, која е можеби најживо и најголемо место на Ситонија.

Во текот на зимата, Никити потполно замира, затворени се сите куќи, но затоа во стариот град на Никити се одвиваат сите културни настани на плоштадите.

Доколку и Вие сакате да ја доживеете Грција со сиот нејзин сјај, не заборавајте да свратите до овие места, да испиете кафе на старите плоштади и да го вдахнете автентичниот дух на Грција.

 

Галерија

Поврзани блог статии