Грчки острови

Грција е единствена по број на острови во Европа. 
На територијата на Грција се наоѓаат 6000 острови, од кои само 227 се населени. Грчкиот архипелаг е со зафатнина од 7.500 км, на  вкупно16.000 км големина.
Најголем број острови се во Егејското море кои се поделени во седум групи.
Кикладите се најпозната група на острови од Егејското море и во нив се наоѓаат некои од најубавите острови на светот. Овој архипелаг се состои од 220 острови, од кои само 40-тина се населени. Се наоѓаат во централниот дел на Егејското Море, близу Атина. Името на оваа група на острови потекнува од грчкиот збор kiklos, што значи круг, а островите се групирани така што формираат круг. Според грчката митологија, Посејдон, Богот на морето, од лутина кон кикладиските нимфи, ги претворил во острови. Најпознати острови од оваа група се Миконос и Санторини, а помалку познати, но сепак прекрасни се островите Антипарос, Милос, Наксос и Парос.

Прекрасните песочни плажи, архитектурата во бела и сина боја, традиционалниот начин на живот, народната музика, гостопримливите домаќини и преубавите пејзажи го прават патувањето на Кикладите незаборавно.

 

Кикладиски Острови

Андрос

Милос

Сифнос

Kea

Серифос

Делос

Миконос

Сикинос

Иос

Китнос

Фолегандрос

Наксос

Сирос

Аморгос

Макронисос

Кимолос

Парос

Тинос

Санторини

Јарос

 

Саронските острови се наоѓаат веднаш до Атина. Оваа група на острови се состои од осум мали островчиња. Патувањето со траект од пристаништето на Атина, Пиреа, до најблиските острови од овие осум на број,  трае не повеќе од 10 минути.

 

Саронски Острови

Хидра

Eгина

Китири

Порос

Саламина

Спецес

Ангистри

Meтана

 

 

 


Декаденез е група од 12 големи острови ( грчки dodeka = 12)  и повеќе мали островчиња со кристално чиста вода, песочни плажи, археолошки наоѓалишта, импозантни византиски  и средновековни споменици и традиционални селца. Оваа група на острови се наоѓа на југоистокот на Егејот, кон Турското крајбрежје, кој е воедно најсончевиот дел на Грција

 

Декаденез острови

Астипалеа

Карпатос

Родос

Нисирос

Патмос

Халки

Кос

Сими

Лерос

Тилос

Калимнос

Кастелоризо

Арки

Липси

Телендос


 


Во северниот дел на Егејот се наоѓа уште една мала група од 24 острови, Споради. Од овие 24 на број, само 4 се населени, а тоа се: Скијатос, Скопелос, Алонисос и Скирос. Густата вегетација и чистото сино море ги прават овие острови единствени. Страсните љубители на природните убавини се особени фасцинирани од познатата шума Кукунариес и езерото Сирофилиа.
На островот Алонисос живеат едни од најголемите фоки на светот наречени средоземни морски мечки. 
Барате мирен остров? Скопелос е дестинацијата за Вас! Овде може да ја пробате најубавата пита со сирење (tiropita). За љубителите на филмот 
 "Mamma Mia", овде се наоѓа неверојатната капела Agios Ioannis, каде во филмот се одржа свадбата.

 

Споради

Скијатос

Скопелос

Скирос

Алонисос


 

На североистокот од Егејското море се наоѓаат неколку острови кои не се во група и тоа: Агиос Ефстратиос, Тасос, Икариа, Лесвос, Лимнос, Инусес, Самос, Самотраки, Хиос и Псара.

 

Североисточни Егејски Острови

Самос

Хиос

Лесвос

Тасос

Лимнос

Самотраки

Икариа

Псара

Фурни

Цимена


 


На јонското море постои само една група на острови позната по името Eftanisa (грчки efta - седум). Оваа група се состои од седум големи острови: Закинтос, Итака, Крф, Кефалонија, Лефкада, Пакси и Китира.
Умерената клима, длабока и поладна вода, бујната вегетација и богатото културно наследство ги прават Јонските острови идеално место за одмор и опуштање. 
Јонските острови се населени од палеолитско време и низ нив поминале многубројни освојувачки експедиции, па затоа и секој остров се одликува со различна култура. 

 

Јонски острови

Пакси

Итака

Крф

Кефалонија

Лефкада

Закинтос

Антикитира

Китира

Антипакси

Диапонтиски острови


 



Уште еден остров кој не припаѓа на ниедна група, а е воедно најголем остров во Грција и петти по големина на целиот Медитеран, островот Крит.
 Поделен е на четири префектури, од запад кон исток: Ханиа, Ретимно, Хераклион и Ласити. 
Овде ќе се восхитувате на остатоците од бројните цивилизации, ќе посетите прекрасни плажи, импресивни планини, плодни долини, стрмни клисури и врвна гастрономија.
Крит е една мала планета преполна со убавина и богатства за кои еден живот е малку за да ги откриете.

 

Крит

Ханиа

Хераклион

Ретимно

Ласити

 

Префектурата Евиа ( која го вклучува и островот Скиронс) исто така претставува посебна целина. Евеа е втор остров по големина во Грција и трета на истокот од Медитеранот.
До Евиа може да се стигне преку два модерни мостови поврзани со копнениот дел на Грција.
Евиа има прекрасни плажи, пријатна клима, многу термални извори и вкусна храна.
Се простира на површина од 3.580км2, крајбрежјето е долго 48км и има 220.000 жители.

 

Постојат уште неколку интересни острови кои не формираат група, но се богати со природни убавини, од кои се издвојуваат: островот Гавдос ( јужно од Крит), Елафонисос ( во заливот Лаконија) и Тризонис ( во Коринтскиот Залив)

 

Галерија

Поврзани блог статии