РИМ - безвременскиот град до кој водат сите патишта

 

Авионска програма

 




 

 

 

Рим – Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.

Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…
 

14 февруари  (среда) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 19 часот. Лет за Рим во 21:15ч. Пристигнување во Рим во 22:30 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
     

        

         

         
15 февруари (четврток)  ВАТИКАН - НАВОНА


Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, пешачка тура на градот прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали.
Прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.        


            

16 февруари (петок ) РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи со јавен превоз. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.        


 

17 февруари (сабота ) РИМ - (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил и Колосеумот) - СКОПЈЕ

Појадок. Посета на Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил прошетката продолжува покрај Колосеумот.Факултативно - Антички Рим - со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 4 часа). Слободно време за инфивидуални активности во градот Рим. Враќање во хотел. Ноќевање. 

 
    
 

18 февруари (недела) РИМ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје  во 15:10ч. Пристигнување во Скопје после полноќ во 16:55 часот.

                                                                                         
                                                                                            Цена до 30.01.2024
                                                                                 459 
                                                                                             Редовна цена на аранжманот 
                                                                                                         519                                                     




ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопјесо вклучени аеродромски такси.
– Сместување во хотел *** од групацијата на https://gruppoalberghieroraeli.it/ , на база 4 ноќевања со појадок
–  Пешачка тура и разглед на градот Рим
–  Рачен багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
. – Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг ·   -информација за цена 3 дена пред поаѓање
Туристичка такса ( се плаќа во хотелот) 
Посета на Ватикан  со локален водич и влезница- задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра
Посета на Колосеум со локален водич и влезница- задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница 30 евра
Посета на Тиволи со локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте:  60 евра
Карти за локален превоз

ПАКЕТ НА СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ 185 ЕУР 

2

  2

За оваа програма важат Опшите Услови на патување на Травити Дооел.

Начини на плаќање:
30% при резервација, остатокот 14 дена пред поаѓање


Општи напомени за патување:
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.