Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.
Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна.

Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби.
Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба.
Исто така располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.
Хотелот „Аквалина“ располага со сопствена плажа. Во состав на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта, каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.
Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце. Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.

Располага со сопствен ресторан со околу 220 места погоден.
Во рамки на хотелот работи и летна тераса која Ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води.

Врвните специјалитети на кујната ќе ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор.
Хотелот располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси, симпозиуми, семинари и бизнис средби.
Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта, целосно опремени за непречено одржување на вашите настани.
Располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, 1 терен за голем фудбал.