Хотел Alexander the Great е сместен на брдото над преубава плажа, опкружен со борова шума. Од терасата на хотелската кафетерија се протега преубав поглед на Егејското море. Изграден во борова шума, над фантастична песочна плажа, во интимна атмосфера, со љубезен персонал и вкусна храна базирана на домашни специјалитети, го чини омилено место за одмор на многумина. Хотелската плажа е една од најубавите на Касандра, а до неа се стигнува по скали или со лифт. Сите 216 хотелски соби се комплетно опремени со фен, балкон, клима уред, телефон, музика, сателитска ТВ и сеф. Хотелот нуди: лоби, рецепција, интернет ќоше, главен ресторан, a la carte ресторан/таверна на отворено, кафетерија, просторија со забавни игри, конференциска сала, мини-маркет, сувенирница, бар на тераса со поглед на море, градина, базен во делот за деца, лежалки и чадори околу базенот - бесплатни и на плажата со доплата, сервис за перење, анимација и забава, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг, изнајмување на коли и велосипеди… Услуга е полупансион и полн пансион (појадок и вечера – шведска маса; ручек – menu). ***Ручекот е лесна варијанта и се сервира во хотелската таверна.
*Прилагоден за лица со пречки во движење
Пријавувањето е од 14:00 ч, а одјавувањето до 12:00 ч, локално време