Со повеќе од милион посети годишно, Анталија е туристичка престолнина на Турција. Град со преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни зданија и преубави плажи, место каде земјата го допира рајот. Анталија е сместена во истоимениот залив, се состои од два дела: едниот современ со широки булевари, трговски центри, богат ноќен живот, и стариот дел Kaleici – обновен и претворен во туристички центар на градот. Стариот град е подигнат покрај старото пристаниште, со тесни поплочени улици, стари турски куќи, џамии и хамами кои сведочат за старата архитектура и некогашниот начин на живот. Лара-Кунду е нова област која се наоѓа најблиску до аеродромот во Анталија, со хотели од висока категорија изградени на познатата плажа Лара долга 8 км.
 

АВИОНСКА ПРОГРАМА СО 4 НОЌЕВАЊА (30.12 – 03.01.2021)

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   ОД 189 €  ( 11.718 ДЕНАРИ )

 

 


Во цената се вклучени следниве услуги:
 Повратен Авио билет: Скопје-ИстанбулАнталија со Turkish Airlines
Организиран трансфер: аеродром-хотелаеродром
 4 ноќевања во одбраниот хотел на база: Ноќевање со појадок, Се вклучено или Ултра Се вклучено
 Организација на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги: 
 Аеродромски такси 171 еур – 10.568 мкд
 Новогодишна свечена вечера
 Факултативни излети
 Патничко и здравствено осигурување



Важна напомена:

 Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност  минимум 6 месеци од датумот на враќање
 Краен рок за пријавување 10.12.2020
 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
 За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Травити