Античка Турција

КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЕФЕС

 

 – КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА –  ИЗМИР

 

 

1 Ден 09.10.2020( петок)             Скопје – КУШАДАСИ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн во 10.00 часот. Поаѓање за Кушадаси во 10:30 преку Р. Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор, гранични и царински формалности.

 

 

2 Ден 10.10.2020 (сабота)           ТРОЈА – КУШАДАСИ

Во утинските часови преминување на Дарданелите со брод од Гелиболу до Чанакале. Патувањето продолжува со попатна посета на античкиот град Tроја познат по Тројанската војна опеана во познатото дело на Хомер " Илијада ". По завршување на посетата патувањето продолжува кон Кушадаси. Пристигање во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ стариот дел на градот, чаршијата . Ноќевање.

 

 

3 Ден 11.10.2020 (недела)             КУШАДАСИ - Ефес - Куќата на Дева Марија - Храмот Артемида - црквата Св.Јован - Кушадаси

Појадок. По појадокот, следи факултативна можност за целодневен излет и посета на античкиот град Ефес, кој бил трет по големина град во Римската Империја, куќата на Дева Mарија каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земски живот, ѕидот на желбите , црквата на Св. Јован во Селџук и Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 Ден 12.10.2020 ( понеделник)           КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ

Појадок. По појадокот факултативна можност за посета на Памуккале место феномен, каде природата ги покажала своите најголеми уметнички можности создавајки плитки каскадни базени .Посета на античкиот град Хиераполис познат уште од 2 век п.н.е како термално лекувалиште именувано по Божицата Хера. Посета на познатите извори на Клеопатра каде некогаш познатата Кралица уживала во термалните води.Враќање во хотел во доцните попладневните часови. Ноќевање.

 

5 Ден 13.10.2020 ( вторник)           КУШАДАСИ – ИЗМИР – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со попатна посета и разглед на Измир со локален водич: централниот градски плоштад Конак каде се наоѓа симболот на градот-Саат Кулата, изградена во 1901 година по повод 25-годишнината од владеењето на султанот Abdulhamid II, трговскиот дел на Измир – најпознатиот Kemeralti Bazar каде на едно место Ви се нуди се што ќе посакате да купите: текстил, облека, зачини, злато… Од овој дел на Измир, а е поделен на два дела, со фериброд се поминува во областа Каршијака, или како уште се нарекува богатиот дел на Измир. На влезот во најпрометната улица Ќемал Паша минувачите ги дочекаат две статуи на девојки кои се ослободуваат од велот и со тоа ја симболизираат слободата на жената. Слободно време за прошетка и шопинг .Во договорено време заминување кон Македонија, преку Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор како и за гранични и царински формалности.

 

6 Ден 14.10.2020 (среда) Скопје

Пристигнуње во Скопје во предпладневните часови.

 

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 еур/ 11.720 мкд. за уплата до 18.09.2020

 

 

Редовна цена: 209 еур/ 12.950 ден.

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

· Автобуски превоз на дадената релација по програмата

· Бродски превоз Гелибулу- Чанакале- Гелиболу

· Сместување во хотел со 3* во Кушадаси на база 3 ноќевања со појадок

· Организација и пратител патувањето

 

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

· Посета на античка Троја и Тројанскиот коњ - 20 еур (задолжителна доплата)

· Целодневен излет Ефес, куќата на Дева Марија, Храмот на Артемида и црквата Св.Јован Апостол во Селџук - 40 еур

· Разглед на Измир – 10 еур (задолжителна доплата)

· Целодневен излет Памуккале – 40 еур (без влез за базените на Клеопатара)

. Доплата за еднокреветна соба - 3.720,00 денари

· Влезници за посета на културно – историските споменици кои не се предвидени по програмата

 

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Tравити туристичка агенција

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Т.А.Tравити го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.  

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето !