Хотелот Blue Lagoon Princess се наоѓа во Каливес. Каливес е место на заливот помеѓу првиот и вториот крак, теоретски припаѓа на втор крак (Ситонија). Хотелот се наоѓа на сама плажа. Прекрасниот базен со кој располага хотелот и плажата во Каливес се вистински спој кој дава небесно сина боја која совршено одговара на името на хотелот. Хотелот е рангиран со 5 звездички, има соби кои се луксузно опремени со клима уреди, ТВ, Wi-Fi, телефон, мини-бар. Собите се со поглед кон градина, поглед кон море, има и соби кои се со приватен базен. Хотелот располага со 3 ресторани, 4 барови, СПА центар, детски клуб и
услуга на база All Inclusive.