Tропска идила на рајскиот остров веќе од 1100 ЕУР
Магичниот Занзибар, егзотичен, романтичен.. незаборавен.
Остров кој мириса на цимет, ванила и какао. Привлечноста на Занзибар е безвременска. Белиот песок и тиркизните води го обиколуваат островот, а африканските, индиските, арапските и персиските влијанија се испреплетуваат во Стоун Таун за да формираат богата културна позадина. Овој рај претставува вистинско богатство на Индискиот океан, спој на магија, романтика, мистерија и егзотика. Составен е од главните острови Унгуја и Пемба, како и од неколку помали недопрени острови. Отсекогаш ги привлекувал морепловците и другите светски патници, а бил и мета на бројни освојувачи. Денес, благодарение на својата местоположба, историја, традиција, култура, како и на преубавата природа, прекрасните плажи е место кое нуди вистинско ужување…
Главниот град Стоун Таун, се наоѓа на западниот брег на Унгуја, главниот остров на архипелагот Занзибар, град со истакнато историско и уметничко значење во Источна Африка. Неговата архитектура, главно датира од 19 век, ги одразува различните влијанија, поради тоа бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 2000 година. Прекрасните султанови палати и големите арапски куќи, кривулестите улички и раздвижените чаршии им даваат на посетителите чувство дека се потопени во светот на Синдбад и Алибаба.
Факти за Занзибар
Занзибарската кујна не може да се окарактеризира како типична, бидејќи има многу културни влијанија. Риба, зеленчук, пилешко и богат избор на овошје и зачини може да се најдат во многу јадења.
Занзибар и неговиот сосед Пемба имаат просечна температура на водата од 24-27 ° C во текот на годината. Климата во областа е најчесто влажна и топла. Најдобро се опишува како типична, тропска островска клима. Со својата неверојатна подводна глетка и уникатното изобилство на риби кои вообичаено се наоѓаат во Индискиот Океан, тој е одлична дестинација особено за нуркачите.
Занзибар порано се сметаше за помалку популарна дестинација, поради ужасните цени и непријателската репутација. Но, за среќа, тоа е се во минатото и денес островот пречекува туристи од целиот
Стоун Таун
За многу туристи, првата станица ќе биде историскиот центар на градот, кој исто така се нарекува Стоун Таун. Со своите фасцинантни згради, лавиринти од тесни улички преполни со продавници, чаршии и џамии дефинитивно ќе биде еден од вашите врвни моменти. Бидејќи повеќето улици се премногу тесни за автомобили, градот е преполн со велосипеди и мотори.
Островот Чумбе
Искусете ја природата најдобро што може, далеку од каква било форма на цивилизација и модерна инфраструктура. Чумбе, наградуваниот остров сместен во близина на Занзибар нуди затскриени и недопрени плажи и е опкружен со биодиверзитет на корален гребен. Со својата еко-пријателска и одржлива поставеност, таа е совршена за љубителите на природата кои копнеат по врвното чувство на Робинзон-Крусо.
Северниот брег
На север, на приближно 50 километри од Стоун Таун, се наоѓа Нунгви. Некогаш заспано рибарско село, сега е популарна островска дестинација полна со живот. Исто така е единствено места од каде што можете да го видите и изгрејсонцето и зајдисонцето над океанот.
Источниот брег
Источниот брег на Занзибар е многу популарен меѓу посетителите кои бараат прекрасни плажи и спокојство, тропски рај со своите километарски плажи со палми. Во споредба со другите региони на островот, коралниот гребен на источниот брег е на неговото најоддалечено растојание од брегот и пливањето е можно само за време на плима..
Дополнителни информации за Занзибар:
Активен одмор
Ако сте авантуристи и сакате активен одмор, не грижете се бидејќи Занзибар има што да ви понуди. Многу хотели и локални оператори организираат еднодневни патувања до мали острови или до коралните гребени.
Професионалните школи PADI за нуркање им нудат на почетниците и на професионалците цела палета на нуркање со професионална опрема. Но, тука се и многу други спортови на вода, како китинг, кајак, едрење со катамаран, сурфање на ветер, риболов во длабоко море, скијање на вода, падобран и џет ски.
Вреди да се посетат и многуте плантажи за зачини во Занзибар и уникатната шума Јозани со ендемичните занзибарски црвени колубус мајмуни.
Податоци и корисни информации за Занзибар:
Најголем град: Stone Town
Број на жители: околу 800.000
Вероисповед: 99% муслиманско население
Вакцина за Занзибар не е потребна, што се однесува до лековите против маларија, не е неопходно да ги конзумирате, но за тоа консултирајте се со вашиот лекар. Важно е да знаете дека лековите не штитат 100% од маларија и може да имаат несакани дејства.
Од лекови со себе понесете лекови за редовна терапија доколку примате, пробиотик, лекови за снижување на телесна температура, лек против болки, односно лекови кои генерално ги носите со вас на секое патување. Задолжително понесете си крема за сончање и Аутан. Препорачуваме да поседувате здравствено осигурување. Здравственото осигурување можете да го уплатите до 5 дена пред патувањето. За цена за осигурувањето обратете се во агенцијата. На Занзибар водете сметка за ежовите, медузите и кокосовите ореви.
Виза
За влез на територија на Танзанија (на која припаѓа и островот Занзибар), на државјаните на Р. Македонија им е потребна виза. Визата се добива на влез во земјата (на аеродром), и чини 50 УСД. Не е потребно поднесување на документација, туку само пополнување на формулар и понесете две фотографии со димензија 3,5 x 4,5. Визата се издава со рок на траење од 3 месеци. Кога се преминува на Занзибар (во турата Танзанија и Занзибар), на пристаништето се поминува пасошка контрола и се добива виза за Занзибар, без доплата.
На територијата на Танзанија не постои амбасада на Р. Македонија, туку е одговорна амбасадата во Адис Абеба (Етиопија). Со себе понесете и фотокопија од пасошот (за секој случај). Може да се случи да Ви побараат да платите со платежна картичка наместо во кеш (ова почесто се случува ако патувате директно за Занзибар).
Временската зона е UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.
Водата не е за пиење, се користи исклучиво вода од шише и се избегнува лед. Водата од шише се користи и за миење на забите.
Климата во Танзанија и на Занзибар се одликува со релативно висока температура (пресечна максимална дневна температура е околу 28-33C, а ноќна околу 15-20C), влажноста на воздухот е висока, а сонцето е исклучително јако затоа што се работи за подрачје околу екваторот. Температурата може и да падне, така што со себе задолжително понесете и гардероба со долги ракави и долги панталони. Дождовниот период трае од март до јуни, но дожд може да се појави и во кое било доба од годината.
Плима и осека - На Занзибар плимата и осеката се исклучително изразени. Кога е осека капењето е невозможно, а кога е плима (2 пати во денот) уживаме во капењето. Водата често е многу топла.
Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, говедско (во вид на скара или гулаш), ориз, овошје и зеленчук, а на Занзибар и морски плодови и риба. Од храна препорачуваме да пробате локална брза храна која секоја вечер се подготвува на доковите во Stone Town, како лигњи, јастози, шаварма, пилешки/говедски ражничи, Занзибарска пица... Секако целиот избор на јадења треба да ги пробате на сопствена одговорност. Иако се е добро припремено и вкусно локалците се навикнати на таков тип на храна, додека кај туристите дегустацијата на локална храна може да донесе и стомачни проблеми. Овошјето измијте го со флаширана вода или излупете го.
Што се однесува до електручната енергија, напонот е ист како и кај нас, но потребни Ви се адаптери за шуко утикач. Влезот е како кај утикачите во Велика Британија (со три влеза). Адаптери на самата дестинација не може да набавите.
Доколку сакате да изнајмите возило или мотор на Занзибар потребна ви е меѓународна возачка дозвола но и дозвола која морате да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица, или во Stone Town ако сакате да возите по целиот остров. Доколку имате слободно време и сакате да видите како локалците се движат низ островот тогаш дефинитивно треба да се возите со локален превоз кој се вика дала дала. Станува збор за мало комбе со покрив или без, ова е најзастапен вид на превоз, ефтин е дури и за нивниот стандард, но квалитетот на превозот е доста низок. Најсигурен вид на превоз е сепак такси. Таксито е достапно скоро во секој момент но, цените се повисоки во однос на дала дала.
Најдобро време за посета на Занзибар е во текот на целата година со исклучок на периодот помеѓу март и мај кога е дождовна сезона.
Да се обрне внимание при патување на Занзибар - Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, но доколку се придржувате до одредени правила. Не се препорачува движење навечер, затоа што пред сé се работи за сиромашни и неразвиени подрачја. Исто така не е препорачливо да се шетате со скапоцен накит. Некои локалци се облекуваат како Масаи војниците и на туристите пробуваат да им продадат илегални супстанци. Секое користење на дрога е законски забрането, па ваквите понуди треба да се избегнуваат. Водете сметка кога се фотографирате, доколку сакате некого да фотографирате, морате да побарате дозвола за тоа.
Каква облека и обувки треба да понесете - држава во која живеат преку 90% муслимани, но бидејќи станува збор за летувалиште, локалното муслиманско население не прави проблем околу начинот на облекување, поготово не на туристите. Прилично се либерални по начинот на облекување, но се препорачува за време на разгледување на Stone Town, да бидете пристојно облечени, за везот во Хинду храм, каки и за влез во Англиканска катедрала, некогашно место за тргување со робови. Исто така се препорачува да земете со себе патики за ежови и корали. Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци, облека со мирни бои (избегнувајте темна боја, црна, темно сина, но и флуоресцентни бои) долги ногавици и ракави затоа што температурата може да падне и под 15C во националните паркови, шешир, качкет, очила за сонце и марама со која можете да го спречите вдишувањето на прашина.
Сувенири, мора да се напомене дека е забрането изнесување на школки, корали и минерали и други предмети од природата. Од сувенири се препорачува: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар... Најголемиот избор на сувенири се наоѓа на улицата Gizenga во Стоун Таун (Stone Town).
Валутата која е во оптег е Танзаниски шилинг TZS. 1eur = 2320 TZS, 1$ = 2180 TZS.
Препорака е со себе да носите американски долари но исклучиво испечатени од 2006та година па наваму. Банкомати постојат но не се лесно достапни. Платежни картички не може секогаш да се користат. На пазарите, продавниците за сувенири и кај уличните продавачи секогаш ценкајте се, затоа што тоа е обичај. Покрај ценкањето, речиси секогаш е обичај на сите да им оставате бакшиш.
Комуникација, нашите мрежи во повеќето случаи работат на територијата на Танзанија, односно во поголемите градови. На Занзибар постои можност воопшто да немате мрежа. Сите сместувања се опремени со wi-fi. Локален број може да се купи во импровизираните трафики кои се наоѓаат во главната улица Kenyatta во Stone Town, или во посебни продавници со опрема за мобилни телефони, каде обично се продаваат СИМ картички (Zantel, Tigo…)
Излегување и ноќен живот на Занзибар, бидејќи е пред се остров за опуштање и уживање на плажа не може да се пофали со ноќен живот каков што има во Европа. Најголемиот избор на клубови е во Стоун Таун (Stone Town) и тоа дури четири ноќни клуба! Филозофијата на локалното население може да се сведе на два збора - хакуна матата, што може да се преведе како "нема проблеми". Кај локалците се е хакуна матата и се е лесно и спонтано. Така може да се дефинира и ноќниот живот на Занзибар. По ноќниот живот познат е и Нунгви (Nungwi) каде на самата плажа има голем број beach барови/ресторани, клубови.
Најубавите плажи на Занзибар - Стоун Таун (Stone Town) нема класични плажи, барем не онакви што се исклучиво за капење, бидејќи е пред се активно пристаниште со долга традиција на рибарство и морепловство. Најубави се плажите во Кендва (Kendwa) и Нунгви (Nungwi) северно на островот кои се најдобри за капење, а пота плажите во Паџе (Paje) и Мичамви (Michamvi) кои се одлични и за капење, уживање, сoнчање, сликање.