Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

Бисерот на Индискиот Океан – Шри Ланка

Бисерот на Индискиот Океан – Шри Ланка

Blog thumbnail

Тргнете во обиколка на бисерот на Индискиот Океан – Шри Ланка. Пејсажите се волшебни – водопади, тропски шуми, плантажи со чај … сегде околу вас релаксирачко зеленило … јавање на слонови низ џунглата, посета на плантажите со чај , на ботаничките градини, автентичните села, храмови, одгледувалишта на слонови и, се разбира, на средби со насмеаните лица на локалното население. Мирисајте ги орхидете во ботаничката градина на Кенди – пазете се од отровни змии, ѕирнете во храмот на Будиниот Заб, искачете се на Лавовската карпа – SIGIR, посетете го комплексот на храмови во карпа , најголемиот и најдобро сочуван во Шри Ланка – Dambulla, Слушнете ја моќта на водата што ги формира карпите – бројните водопади заштитени со тропски шуми ќе ви ја вратат енергијата.

Предлог места за посетување:

1.Colombo, најголемиот град во Шри Ланка богат со многубројни култури и религии, стари колонијални палати, древни хиндуистички и буд истички храмови, католички цркви, облакодери и огромни шопинг центри, луксузни хотели, ресторани и барови.

-Комерцијалниот дел на градот Форт и неговата главна улица Схатам. Посета на Гангам храмот, главниот будистички храм во градот во кој и денесмонасите ја изуцуваат историјата и религијата, Волфендал – холандската црква и големиот зелен плоштад “Galle Force Green” од чија тераса на истоимениот хотел може да уживатепопладневниот чај со поглед на Индискиот океан.

2.Pinnawala, центар за згрижување на слонови, отворен во 1975 година со цел спасување и грижа за слоновите кои биле напуштени и пронајдени во џунглите. Можност за хранење на малите слончиња од џамбо шишиња, момент кој ќе го памтите до крајот на животот.

3.Sigiriya, посета на тешко проодниот карпест терен на кој што кралот Касапа во петтиот век ја изградил својата престолнина. Искаќување на стрмните карпи (окулу 2 часа) на висина од 180 метри од каде што ќе имате неверојатен поглед на околните џунгли, оризови полиња, езера и планини.

4.Polonnaruwa, средновековна престолнина на Шри Ланка, која изобилува со многу сочувани храмови, палати и градби. Најзначајни од нив се: Gal Vihara (Камениот храм) украсен со четири статуи на Буда, Ланкатилакасо колосалната фигура на Буда висока 13 метри и остатоците од дворецот Парамкрабаху кој во минатото имал дури 7 спрата.

5.Планинскиот дел на земјата популарно наречен ” мала Англија”, каде можете да ги посетите и двата водопади со најголеми плантажи на чаеви во земјата по кои е препознатлива оваа област.

6.Посета на ботаничката градина Hakgala.

7.Водопадот Ravana (19 метри) кој името го добил по локалната приказна за демонот кој имал десет глави и дваесет раце.

8.Националниот парк Yala, еден од најпознатите национални паркови кој се протега на површина од 100 илјади хектари. Овој парк станал познат по леопардите кои го населуваат и кои се негов заштитен знак. Можност за сафари со специјално отворени џипови од кои ќе имате можност да ги фотографирате и видите одблизу овие грациозни животни. Интересен е фактот дека леопардите се толку навикнати на присуството на посетителите и воопшто не се плашат од нив, не се агресивни и не обраќаат внимание на ничие присуство.

9.Холандската тврдина Galle која е под заштита на УНЕСКО и несекојдневната област Коа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *