Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

Она што не сме го знаеле за најубавиот дел на Солун, Каламариа

Она што не сме го знаеле за најубавиот дел на Солун, Каламариа

Blog thumbnail

Еден од најубавите делови на Солун, Каламарија. Името го има добиено по принцезата Мари Бранковиќ, ќерка на деспотот Џурџа Бранковќ и византиска принцеза Ирине Кантакузине.

Мара била многу почитувана личност помеѓу обичниот народ, не поради нејзиниот статус и богатство туку со статусот на многу способна, дарежлива и приврзана кон народот, а и поради нејзината убавина. Затоа  крајот од егејското крајбрежје кој Мара најмногу го сакала (делот помеѓу Солун и Касандра) бил наречен Каламариа. Денеска тоа е името на најубавиот дел од Солун.

Овој збор на старогрчки значи “Убава Мариа”.

Мара Бранковиќ подоцна станува една од сопругите на султанот Мурат II и маќеа на Мехмед II Освојувачот.Родена е 1416 година во Вучитрн во Косово.

Мара како султанка многу им помагала на манастирите и црквите во Србија, а и во Грција, особено во Света Гора. По смртта на Мурат II, добила дозвола да го напушти османлискиот двор и се преселила во местото Јежево во близина на денешен Серес. Крајбрежјето кое го носи нејзиното име  е во близина на градот Созопол, каде што некогаш се наоѓал манастирот Хиландар кое Мара често го посетувала и дарувала.

Каламариа денеска е еден од најубавите делови во Солун. Во него живеат околу сто илјади граѓани. Има преубаво пристаниште, перфектно уредени улици, широко шеталиште, мал плоштад со убаво уреден парк покрај самото море. Исто така е познато е и по големиот број на ресторани и клубови.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *