Sea Level е нов хотел во Полихроно, изграден 2019-та година. Се наоѓа на песочна плажа, каде што лежалките, чадорите и пешкирите за плажа се бесплатни. Од хотелските содржини во понуда се: бесплатен паркинг, бесплатна теретана, бесплатен интернет, базен, бар, бар на плажа, ресторан. Хотелот нуди вкупно 45 соби. Double Standard (~20 m2), Double Premium (~22 m2), Double Superior Side Sea View (~23 m2). Сите соби имаат: балкон, бањарки и папучи, сет за кафе/чај, кафемат, фен, мини фижидер, сателитска ТВ, интернет, клима, бесплатен сеф, телефон, даска за пеглање и пегла на барање.
*Прилагоден за лица со ограничена мобилност