Романтичната Тоскана…

Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза, дозволете да Ве маѓепса  Лука - шармантен град кој ги зачувал своите средновековни цркви, палати, улици и плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини кои датираат од 16 - 17 век.
 
Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со вински насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и “доминира” со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно  гратче сместено на брдата на Тоскана… славно по уникатната средновековна архитектура и по кулите, кои се гледаат на километри далечина…Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети