Сонце, култура и плажи. Неповторливо доживување во Палма де Мајорка

 

Палма де Мајорка е бисерот на Балеарските Острови, каде што совршено се испреплетуваат богатата историја, шармантната култура и раскошните плажи. Градот плени со својата импресивна готска архитектура, величествените катедрали и живописните улички полни со кафулиња и бутици. Со својот медитерански дух, Палма де Мајорка нуди незаборавно искуство, од сончеви денови на златните песочни плажи до магични вечери со поглед кон морската шир. Оваа дестинација е совршено место за оние кои бараат  авантура и релаксација.


1 OS 776 T 05OCT  SKPVIE  1240 1415 

2 OS 437 T 05OCT  VIEPMI 1715 1935 

3 OS 436 Q 12OCT PMIVIE 1835 2105

4 OS 777 Q 12OCT 6 VIESKP 2245 0015+1 

05.10.2024
Состанок на скопскиот аеордром во 10:40. Полетување во 12:40. Слетување во 19:35 во Палма де Мајорка.Tрансфер до хотел. Сместување во хотел.
Наш предлог е да го и
стражите градот Палма. Започнете со посета на Катедралата Ла Сеу, позната по својата импресивна готска архитектура.

Прошетајте низ стариот град (Casco Antiguo) и посетете го Плаза Мајор и локалните барови.Вечера во хотел.Ноќевање.


06.10.2024
Доручек. 
Наш предлог за вториот ден е да ја посетите локалната плажа или доколку сакате да се запознаете со културните знаменитости, посетете го дворецот Алмудена (Palacio Real de La Almudaina) и уживајте во погледот на градот и пристаништето, истражете го музејот на современа уметност Еспањол (Es Baluard).
Вечера во хотел. Ноќевање.


07.10.2024
Доручек.
Наш предлог за овој ден е посета на плажата Playa de Palma, една од најпопуларните плажи на островот.
Попладне, отидете до Cala Major, помала плажа која нуди релаксирачко искуство.
Вечерта  уживајте во романтична прошетка на некоја од плажите.
Вечера во хотел. Ноќевање.



08.10.2024
Доручек.
Наш предлог за овој ден е посета на  градот Валдемоса, шармантно место во планините, познато по манастирот La Cartuja.  Попладне, продолжете кон Деиа, мал живописен град, и посетете ги уметничките галерии и ателија.
Попладнето вратете се во Палма и уживајте во баровите на пристаништето.
Вечера во хотел. Ноќевање.


09.10.2024
Доручек.
Наш предлог за овој ден е посета на Солер со историскиот воз Tren de Sóller. Разгледајте го градот и неговото пристаниште.
Посетете го Cap de Formentor, најсеверната точка на островот, каде ќе најдете спектакуларни погледи.
Вечера во хотел.Ноќевање.



10.10.2024
Доручек.
Наш предлог за овој ден е екскурзија до островот Кабрера, природен парк познат по својата недопрена природа и богата историја.
Уживајте во нуркање и разгледување на природата на островот.
Вечера во хотел.Ноќевање.


11.10.2024
Доручек.
Посетете некој од локалните пазари, како Mercat de l'Olivar, за купување сувенири и локални производи.
Посетете го и  Castell de Bellver, кој нуди прекрасни погледи на градот.
Вечерта уживајте во последната вечер во Палма со закуска на некој од панорамските ресторани.
Вечера во хотел.Ноќевање.


12.10.2024
Доручек.
Заминување од хотел.
Релаксирање на прекрасната плажа до хотелот до 14 часот.
Трансфер до аеордром. Полетување во 18:35. Пристигнување во Скопје во 00:15.




Оваа програма е комбинација на релаксација, истражување на културата, и уживање во природата што Палма де Мајорка ја прави популарна дестинацијa.
                                             



Цена до 03.10 499 евра во хотел Amazones 3* без услуга / ROOM ONLY  Ел Аренал
Цена до 03.10 699 евра во хотел MLL Caribbean Bay 3* Ел Аренал
Цена до 03.10  859 eвра во хотел  Sol Guadalupe 4*, Mагалуф
 Цена до 03.10  899 евра во хотел Sol Barbados 4*, Mагалуф
 

Цената вклучува:
  • Повратен авио билет Скопје - Палма де Мајорка - Скопје
  • Аеродомски такси
  • 7 ноќи во хотел со вклучени доручек и вечера
  • Кабински багаж до 8кг и рачна торба
  • Повратен трансфер аеродром - хотел - аеродром

Цената не вклучува :
  • хотелска такса 3 - 5 евра од соба на ноќ
  • патничко осигурување