Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

Најубавите плажи во околината на Ситонија

Најубавите плажи во околината на Ситонија

Blog thumbnail

Сарти е идеален избор за одмор во текот на летото, претставува најголемо место во целата околина на Ситонија. Лоциран е на источната страна, на рамно подрачје и има се што е потребно за убав одмор.

Покрај тоа што во Сарти често дува ветар и има бранови, други недостатоци ова место нема. За време на брановите се препорачува да не се влегува во вода.

Сарти изобилува со убаво уредена шетачка зона, мал пазар, голем број на продавници за сувенири и гардероба, ресторани, таверни и киоск за брза храна, долга и широка плажа, игралишта за деца, голем супермаркет за снабдување, и доволен простор за туристите кои доаѓаат со сопствени возила. Ова место изобилува со голем избор на сместувачки капацитети, во самиот центар, а мал број од капацитети се лоцирани надвор од гужвата, ама сепак покрај плажа.

Градската плажа на Сарти е долга 3км, песочна, со постепена длабочина и во стариот и во новиот дел. Единствената мана се честите бранови.

Прва помош кога има бранови на градската плажа во Сарти, е плажата Ahlada (крушка), лоцирана на северната страна. Тоа е мала плажа и до неа може да се стигне и пешки. Не претставува репрезентативна плажа на Ситонија, не е уредена, но сепак може да послужи во ветровити денови.

Покрај оваа плажа има места за паркирање на возилата.

На 3,5км северно од Сарти лоциран е кампот Platanitsi, кој се наоѓа на истоимената плажа. На оваа плажа дува ветар во исто време како и во Сарти. Во прашање е плажа со крупен песок и постепена длабочина на морето, со тиркизна боја.

Влез за целодневен одмор на кампот се наплаќа 1,5 евра по лице, но доколку престојувате помалку од 2 часа, влезот не се наплаќа.

На оваа плажа се наоѓа и еден од најпознатите кафичи, Africaffe.

Поради гласната музика од кафичот, ова не е поволно место за фамилии со мали деца, но одлично за помладите.

После плажата Platanitsi, се наоѓа најубавата плажата во северна Грција, тоа е Orange плажата, на оддалеченост од 6км од Сарти.

Плажата е со ситен песок, постепена длабочина, и има голема гужва во текот на сезоната. Може да бирате дали да седите на северниот дел, каде има кафичи и лежалки или пак на јужниот дел кој се состои од неколку мали заливи. Сепак ви го препорачуваме јужниот дел, но доколку сакате да зафатите убаво место, треба порано да стигнете и да понесете со себе, чадор, пешкири, храна и вода.

На помалку од километар од Orange плажата, покрај магистралата, се наоѓа дива плажа, Mega Portokali, која не е обележана. До оваа плажа води стрмен пат покрај шума. Плажата е тесна, но сепак водата е бистра и ви препорачуваме да ја посетите. Покрај шумата има места за паркирање на возила.

Не помалку од километар од плажата Mega Portokali, се наоѓа уште една дива плажа, наречена Paradise плажа. Доколку користите GPS, повелете координати за полесно стигнете, Lat.40.1255400 и Long.23.9640592. Плажата Paradise е убава, со тиркизна боја на морето, со ситен песок, не е уредена, па затоа неопходно е со себе да понесете храна, вода, чадори и пешкири. Оваа плажа не се препорачува за фамилии со деца, од причина што патот до самата плажа е напорен.

На 15км од Сарти се наоѓа долгата и широка плажа Armenistis, која припаѓа на кампот. Влезот во кампот се наплаќа 5 евра по лице, при што добивате еден пијалок, а за деца се наплаќа 2,5 евра при што добиваат сок. Поради  тоа што станува збор за убава плажа на која има доста гужва, автомобилите се паркираат покрај магистралниот пат, доста далеку од самата плажа. Ви препорачуваме да носите со себе чадори и пешкири, бидејќи лежалките се доста скапи.

Околу 4км после Armenistis и 19км од Сарти се наоѓа плажата Oneirou. Покрај оваа плажа се наоѓа и ресторанот и барот Manassu, по кои е позната оваа плажа. Плажата е со крупен песок и камчиња со водата, со постепена длабочина на морето. Плажата има обезбеден паркинг за гостите.

Rodia плажата се наоѓа на само километар од Oneirou према Вурвуру и 20км од Сарти. Од магистралниот пат до оваа плажа ве дел пат долг 2км. Плажата има доста природни ладовинки, бар и киоск за брза храна, пицерија и обезбеден паркинг. Плажата ја препорачуваме за помлади друштва, од причина што морето не е со постепена длабочина.

Bahia плажата од Сарти е оддалечена 23км северно и припаѓа на кампот Porto Elea. Изобилува со природни ладовинки, и се препорачува за оние кои сакаат гласна музика. Станува збор за комплетно уредена плажа, со мал паркинг за автомобили.

Zografou плажата исто така припаѓа на кампот Porto Elea, при што влезот се наплаќа 3 евра по лице. На плажата има место и за гости кои си носат свој чадор и пешкири, има и обезбеден паркинг.

Fava плажата од Сарти се наоѓа на оддалеченост од 30км. Бидејќи нема никакви обележја како да се стигне до оваа плажа, можете да се послужите до GPS координати Lat.40.1846896 и Long.23.8181817. Плажата е дива, песочна, неопходно е со себе да понесете опрема за на плажа, храна и вода. Оваа плажа се состои од неколку заливи, морето не е со постепена длабочина, исто така брановите се чести во овој дел.

На околу 31км од Сарти, се наоѓа една од најубавите плажи на Ситонија, Karidi плажата. Станува збор за песочна плажа, со ситен песок и постепена длабочина на морето, иделана за фамилии со мали деца. Морето во овој дел за разлика од Fava плажата е многу помирно. Плажата не е уредена, па затоа со себе понесете си опрема, храна и вода. Изобилува со голем паркинг.

Зад местото Вурвуру постојат уште одлични плажа кои припаѓаат на местото Ормос Панагијас.

Станува збор за Talgo, Lagonisi и Trani Ammouda плажите, кои се уредени. Како најубава се издвојува плажата Lagonisi, додека пак плажата Trani Ammouda е доста долга и широка и без гужви во текот на сезоната.

Како што можете да видите, на распон од 30км према север, постојат голем број на плажи кои можете да ги посетите доколку летувате во местото Сарти.

Јужно од Сарти исто така постојат голем број на плажи, кои се убави и уредени.

Platania плажата се наоѓа на 1,5км од Сарти. Станува збор за широка, песочна плажа, и доста наликува на градската плажа во Сарти. Покрај оваа плажа има голем простор за паркирање на возилата, и нема гужва во текот на сезоната.

Goa плажата се наоѓа на 3км оддалаченост од Сарти. Од магистралниот пат до самата плажа води земјен пат, долг околу 200м. Оваа плажа ја препорачуваме за млади, бидејќи на самата плажа има бар, гласна музика и морето не е со постепена длабочина. На оваа плажа нема гужва, а има и паркинг простор.

Agridia плажата се наоѓа на 5км оддалеченост од Сарти. До оваа плажа води земјен пат кој не е идеален за ниски автомобили. Изобилува со голем паркинг простор. Плажата е мала и мирна, со мал beach бар, лежалки и чадори. Станува збор за песочна плажа со постепена длабочина, идеална за мали деца. Еден дел од плажата е на располагање за оние гости кои си носат свои чадори и пешкири.

Само километар после Agridia плажата и 6км од Сарти се наоѓа плажата Valti, на која нема гужва во текот на сезоната. Станува збор за песочна плажа.

7км од Сарти се наоѓа и плажата Griavas, која е слична на плажата Valti и една од друга се на мала оддалеченост.

Sikia плажата се наоѓа на оддалеченост од 8км од Вурвуру. Станува збор за долга, широка и песочна плажа. Оваа плажа е носител на “Синото Знаме”. Совршена е за фамилии со мали деца, поради постепената длабочина на морето и ситниот песок. На оваа плажа никогаш нема гужва. Уреден е само мал дел.

На 9-10км јужно од Сарти се наоѓаат уште 3 меѓусебно слични плажи, Linaraki, Limanaki и Tourkolimnionas. На секоја од овие плажи се наоѓаат неколку таверни. Овие плажи се со ситен песок и со постепена длабочина на морето, иделно за мали деца.

На 12км од Сарти се наоѓа плажата Klimatariа, една од најубавите плажи во овој дел. Изобилува со паркинг простор, и има доста гужва во текот на сезоната. Плажата е со ситен песок, со постепена длабочина морето и има неколку ресторани.

На 13км од Сарти се наоѓа плажата Tigania, која се состои од 3 заливи, од која една од нив е нудистичка. Другите два заливи изгледаат егзотично, непосредно има и beach бар. Од самиот бар може да се порачаат и лесни оброци.

На околу 13км од Сарти, се наоѓа плажата Kriaritsi, која е долга, широка и песочна и се сотои од 3 заливи, од која еден од нив е нудистичка. На оваа плажа често дува ветар и нема гужва, бојата на морето е тиркизна. Само мал дел од плажата е уреден.

На само 15км од Сарти се наоѓа една од најубавите плажи на Ситонија и на целиот дел на Халкидики, станува збор за Kalamitsi плажата. Изобилува со ситен песок, бистро и проѕирно море.

Уредена е, но исто така има голем простор за туристи кои си носат чадори и пешкири. Во близина на оваа плажа, се наоѓа и нудистичка плажа.

Thalatta плажата е дел од истоимениот камп, на само неколку метри оддалеченост од Kalamitsi плажата. Станува збор за убава, песочна плажа, која наликува на Kalamitsi. Влезот се наплаќа 3евра по лице. Во склоп на кампот има паркинг, базен, ресторан, бар, лежалки, чадори…

На околу 30км од Сарти се наоѓа и местото Торони, со неколку убави плажи. Плажите околу Торони се, Destenika, Tristinika, Aretes…Сите се слични меѓусебе, со покрупен песок, со постепена длабочина на морето. На овие плажи нема гужви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *