Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

Најубавите плажи на Касандра

Најубавите плажи на Касандра

Blog thumbnail

Полуостровот Касандра изобилува со многу убава обала, не е толку познат по плажите, но сепак оние кои сакаат да ги истражуваат, во прилог им ги претставуваме следните, кои дефинитивно вредат да се посетат.

Сани плажа, поголем дел од оваа плажа припаѓа на луксузниот хотелски комплекс  Sani Resort. Станува збор за една од најубавите плажи на Касандра, која изобилува со бел песок и тиркизна боја на морето. Оваа плажа е заштитена со закон, поради ретките видови на птици кои живеат во овој дел.

Делот кој не припаѓа на хотелскиот комплекс, е на располаѓање на туристите и се наоѓа пред кафичот Anemos. Во текот на сезоната се наплаќаат паркинг местата, и до 20евра (заедно со влез во самиот комплекс), додека пак бесплатен паркинг е возможен на само 500 метри од самата плажа.

Вреди да се посети ресортот, да се прошета по убавиот уреден парк, да се посети црквата, како и луксузната марина…

На плажата Sani ве очекува и преубав  залез на сонцето.

Сивири се наоѓа на западната страна на Касандра. Ова место е познато по својата долга плажа, со ситен песок, поради тоа е идеално место за фамилии со мали деца. Шеталиштето е убаво уредено.

Aigeopelagitika е една од најубавите плажи на Касандра. Лоцирана е во местото Посиди, долга е неколку километри и доста широка. Станува збор за песочна плажа, со постепена длабочина на морето, идеално за фамилии со мали деца. Морето е секогаш мирно. Има простор и за оние туристи кои си носат сопствени чадори и пешкири за на плажа. Поради тоа што оваа плажа е долга, никогаш нема да наидете на гужва.

На оваа плажа се наоѓа и доста популарниот бар Cocus.

Zaliv Chrousso е голема плажа, на која се наоѓаат голем број на барови. Оваа плажа уште се нарекува и Паљури, бидејќи е лоцирана непосредно до ова место. Оваа плажа е карактеристилна по ситниот песок, кој наликува на брашно, морето е со постепена длабочина, мирно, чисто и бистро…со еден збор оваа плажа е рај за секој човек.

 Патот кој води кон Пефкохори, ве носи кон плажата Golden Beach. Станува збор за плажа со ситен песок, каде што нема бранови, и нема гужва во текот на сезоната, водата е чиста и мирна.Морето е со постепена длабочина, прикладно за фамилии со мали деца.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *