Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување
Blog thumbnail

9те најпознати плажи на Бали

9те најпознати плажи на Бали

Blog thumbnail

1. Плажа NUSA DUA

Оценета е како една од најдобрите плажи на Бали, позната е по луксузните сместувачки капацитети, терените за голф и главната сала за конгреси.

Лоцирана е на 40км јужно од Denpasara. Оваа плажа изобилува со мек, бел песок и бистро море, совршено за пливање.

На гостите достапни им се бројни водни спортови, како што е нуркањето, возењето со падобран (parasailing), како и чамецот банана.

Плажата Nusa Dua е совршено место за парови, како и за фамилијарен одмор.

2. Плажа KUTA

Лоцирана е на западната страна на островот. Позната е по свежите овошја, продавниците за пиво, сурфањето..

Оддалечена е неколку минути од аеродромот Ngurah Rai, познатите богатства во градовите Seminyak, Legian и Tuban, до кој може да се стигне пеш.

Плажата Kuta е одлична за љубителите на сурфањето, како и пливањето. Изобилува со мек и бел песок.

3. Плажа SANUR

Лоцирана е на источната страна на островот. Комплетно е различна во однос на плажата Kuta, бидејќи се обидува да го зачува шармот на некогашното рибарско село, поради тоа, таа е идеално место за сите оние кои сакаат опуштен одмор.

На оваа плажа достапна е разноврсна храна, како и сместувачки капацитети, при што се смета за доста луксузна плажа. Изнајмувањето на велосипед е одличен начин да се истражи ова рајско место.

4. Плажа BALANGAN

Плажата Balangan е идеална за љубителите на сурфањето, бидејќи тука сурфањето е дозволено во текот на целата година.

Долж оваа плажа има голем број на вили за сместување, изобилува со голем избор на храна, како и места за излегување.

Изобилува со бел песок и е опкружена со карпи.

5. Плажа GEGER

Лоцирана е во близина на голф теренот Nusa Dua, идеална плажа за оние кои се во потрага по сонце. Водата е секогаш мирна, со блескава зелено-плава боја, а песокот е густ и мек.

Одлично место за одбојка или пак за џогинг.

Интересен е фактот што на оваа плажа е дозволено топлес сончање.

6. Плажа BIAS TUGAL

Лоцирана е на осамениот источниот дел на Бали, оддалечена е 57км од аеродромот Ngurah Rai и претставува една од најстарите плажи од бел песок. Мала е по површина, но опкружена со големи ѕидови.

Поради тоа што е малку скриена оваа плажа, нуди голема приватност, додека пак за туристите претставува голем предизвик да стигнат до неа, од причина што треба да поминат преку стрмни ѕидови.

7. Плажа PADANG-PADANG

Совршена плажа за љубителите на сурфањето, бидејќи во текот на сезоната има големи бранови. Од аеродромот Denpasaru е на оддалаченост од 25 минути возење со кола.

Изобилува со прекрасен и романтичен залез на сонцето, поради тоа е доста популарна кај паровите.

Сурфањето не е единствената активност која можете да ја искусите на оваа плажа, нуркањето е исто така доста популарна активност.

Кога сме веќе кај забавата, да не ги изоставиме и доста популарните саботни реге журки со жива музика.

8. Плажа LOVINA

Лоцирана е на северниот дел на Бали, може да се опише како мирна и тивка плажа. На оваа плажа нема улични продавачи, кои можат да го нарушат мирот и тишината. Сепак изобилува со неколку пристојни ресторани лоцирани покрај плажата.

Во текот на утрото, туристите можат да уживаат во гледката на убавите делфини, поради тоа оваа плажа е доста популарна кај туристите.

Интересен факт на оваа плажа е црниот песок, кој се направил како резултат на вулканска ерупција пред неколку години.

9. Плажа NYANG NYANG

Една од неколкуте скриени плажи на Бали, изобилува со преубав бел песок, каде што никогаш нема гужва.

Доколку сакате да ја посетите оваа плажа ќе морате да пешачите горе-доле по патека покрај шума, каде што можете да ги забележите локалците кои собираат морска трева.

Задолжително понесете си средство против комарци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *