МАЛДИВИ
Малдиви или малдивските острови најлесно може да се опишат со реченицата “Рај на земјата”. Фасцинантна и единствена природа, идеален анти – стрес одмор, најубави места за нуркање и сурфање на светот-тоа е Малдиви. Тие се совршен избор за вистински хедонисти, синоним за идеален одмор. Острови со преубави песочни плажи, палми, тиркизни лагуни и корални гребени кои постојано ги воодушевува своите посетители. Доколку Ваша цел е да се опуштите, уживате во капење, сонцето и егзотични вкусови тогаш сте на вистинското место.
Луксузните ресорти, тиркизно-плавото море, белите песочни плажи, прават на Малдиви да се чувствувате како во рајот. Гламурозни хотелски комплекси, долги плажи со бел песок и спектакуларен "подводен снег”, го прават Малдиви идеално место за Патување од соништата.
Секогаш може да се најде начин за забава на плажа со разни спортови на вода, јога, аеробик на преубавиот бел песок… Она што е најинтересно за многу посетители е нуркањето најмногу поради богатиот подводен свет. Добро е да се каже дека во оваа островска држава освен пливањето со делфини за многумина предизвик е нуркање и пливање со кит-ајкули.
Малдиви-каде се наоѓа, корисни инфрмации
Малдиви - синоним за луксуз, хедонизам или познатата фраза “рај на земјата”. Оваа островска држава во Индискиот океан е сместена во Јужна Азија, на околу 700 км. одалеченост од брегот на Шри Ланка.
Се состои од скоро 1200 мали острови кои се групирани во 26 малдивски атоли а секој од овие острови претставува вистински егзотичен рај со бујна тропска вегетација. Многу од нив се пусти и ненаселени а на најубавите се изградени импозантни туристички објекти. Со површина од 298 км. квадратни и со 328.500 жители, Малдивите е најмалата и намалубројната земја во Азија. Има помалку од 400.000 жители кои се од исламска верооисповест, а официјлен јазик на оваа држава е дивехи. Мештаните се многу љубезни и пристапни а повеќето од нив и добро збруваат англиски тие се религиозен народ и повеќето од нив се занимаваат со туризам и риболов. Главен град на Малдиви е Мале, кој е сместен на истоимениот остров. Официјална валута е малдивска руфија, но во сите хотели и ресторани може да се плаќа со долари. Малдиви е најниската земја на планетата позната по своите 1100 видови на риби, живеалиште на 5 вида морски желки, 21 вид на китови и делфини, 187 видови на корали...
Туризам
Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. На атолите се изградени бројни туристички комплекси, кои се состојат од ексклузивен хотели. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги заштитува гостите од океанските бранови и морските струи. Зградите во туристичките комплекси се ниски, еднокатни или приземни, и секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско-клубови, простории за спортски активности, и школа за нуркање. Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава: излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др. До хотелските комплекси вообичаено се патува со хидро-глисери или со авиони.
Кога е најдобро да се посети Малдиви?
Малдиви се одликува со тропска клима и константна температура од околу 30 степени во текот на цела година. Најубаво време за посета на оваа прекрасна земја е периодот таканаречен сув монсун, од ноември до април, кога може да заврне и дожд, но краткотраен, што во оваа тропска идила може да биде многу романтичен. Од мај до октомври е период на влажен монсун со малку почести врнежи - тогаш туристичките аранжмани се со попристапни цени.
Како да се стигне до Малдиви?
Меѓународниот ародром во Малдиви Велана (предходно Ибрахим Насир) е сместен на мал вештачки остров Hulhule кој од главниот град и остров Мале е оддалечен само десетина минути возење со брод. Пред слетувањето има можност за величенствен поглед на оваа држава, која од авион личи на сложувалка со безброј плави лагуни и песочни предели со неверојатна убавина. Од аеродромот до посакуваниот хотел во зависност од оддалеченоста се патува со глисер или хидро - авион. Во кабината на ова превозно сретство може да влезат 15 патници, а пилотот и копилотот восхитуваат со својот несекојдневен стајлинг бидејќи во поголем број случаи се босоноги, во бермуди и шарени летни кошули.
Мале-главен и единствен голем град
Мале, престолнина на Република Малдиви, припаѓа на таканаречениот атол Kaafu и ја зафаќа целата површина на истоимениот остров на кој е сместена. Самоиот остров и град не е голем, но е еден од најгусто населените на светот, бидејќи овде живее третина од вкупниот број на жители на Малдиви.
Повеќето туристи поради брзо организираниот превоз и не успеваат да го видат и подобро да го запознаат овој град, но доколку се има неколку слободни часови добро е да се посети Народниот музеј и останатите културни знамениости со прошетка по тесните улички и главниот плоштад. Сето ова е поинтересно и послатко со дегустација на сочните вкусови на нивните специјалитети од кокос и суви банани кои може да се купат во многубројните слаткарници. Исто така, постојат и повеќе излети кои може да се организираат од самиот хотел до Мале и кои вообичаено се организираат во раните утрински часови. До саканата локација најчесто се оди со глисер, па ова може да биде одлична авантура, но и начин за ново доживување во оваа егзотична земја.
Сместување на Малдиви
За туристите имаме на располагање педесетина острови на кои се наоѓа по еден голем ресорт. Секој од нив е гламурозен и единствен на свој начин. Во својата понуда имаат вили на вода кои оставаат без здив, луксузни бунгалови, ексклузивни ресторани, спа центри и останати слични објекти. Еден хотелски комплекс е распространет на цел остров. За време на сезонските месеци со најголем број на посетители, на плажата и околните базени никогаш нема да се забележи гужва, се добива чувство како да сте на пуст остров. Покрај сите убавини на природата и луксузот кој оставаат без зборови ова е уште една причина зашто Малдиви е омилена дестинација на паровите за меден месец.
Како и за секоја дестинација, и овде цената на сместувањето зависи од многу фактори како што се периодот на патување, авионските билети, изборот на хотели и услугата. Наша препорака кога е во прашање Малдиви е секогаш All inclusive или полупансионска услуга, поради скапите ресторани и оддалечените продавници.
Многу поефтино може да се помине вон сезона или ако резервирате неколку месеци однапред. Исто така може да се добие и дополниелен попуст за младенци за нивниот меден месец.
МАЛДИВИ 7 ноќевања ДЕКЕМВРИ МЕСЕЦ!
1923€ ПО ЛИЦЕ
Најповолен пример за понуда во декември 8 дена / 7 ноќевања
МАЛДИВИ 7 ноќевања МАЈ МЕСЕЦ!
1458€ ПО ЛИЦЕ
Најповолен пример за понуда во мај 8 дена / 7 ноќевања