Lesse Hotel 4 * се наоѓа во Ханиоти, на 80 м оддалеченост од плажа. Има 3 згради и вкупно 88 сместувачки единици. Од содржините во понуда се: рецепција, лоби, безжичен интернет на јавните површини, три базени, ресторан, бар покрај базенот, џакузи, сауна и амам со доплата, како и билијард и пинг понг.
Собите се чистат секојдневно, освен во недела, а постелнината и пешкирите се менуваат на 3 дена.
Климата е централна /во јули-август. Собите се опремени со мини фрижидер, сателитска ТВ, фен, балкон, мини кујна, прибор за чај/кафе, тостер. Мини бар, телефон, послуга во соба и сеф се со доплата. Помошен кревет е стандарден или фотеља на расклопување.
Услуга: доручек, доручек и вечера