Бари - Алберобело - Наполи - Амалфи - Позитано - Салерно - Помпеа - Везув - Матера
1 ДЕН 13.04.2023 (Скопје – Игуменица – Бари)
Поѓање во 12 часот од Скопје за Игуменица, состанок на групата од пред хотел Вип, наспроти Ист Гејт мол.
Попатни застанувања за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Игуменица и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и
ноќевање на траект.
2 ДЕН 14.04.2023 (Бари – Арбелобело - La Reggia Designer Outlet – Наполи)
Пристигнување во Бари во утринските часови.
Панорамски разглед на градот и посета на базиликата Св.Никола.
Поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многубројните бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули”, градени во XV век.
Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители.
Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оригиналноста на овој град како од бајките.
Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet. Слободно време за прошетка во прекрасниот амбиент со широк спектар на продавници, кафулиња и ресторани. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и сместување во хотел.. Ноќевање
3 ДЕН 15.04.2023 (Наполи – Помпеа - La Reggia Designer Outlet – Наполи)
Појадок. По појадокот полудневна посета на Помпеа. Посета на археолошкото наоѓалиште Помпеа, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот бил потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година од нашата ера кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили…
Продолжуваме покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри.
Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и слободно време за прошетка низ Наполи каде што ќе може да ги видите градскиот плоштад, општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko.
4 ДЕН 16.04.2023 ( Наполи - Салерно - Амалфи - Позитиано - Наполи)
Појадок.
По појадокот, целодневна посета на Салерно, Амалфи и Позитиано.
Салерно - град - музеј на средновековната наука, каде се наоѓаат најстариот Европски унивезитет и медицинско училиште кое претставувало значаен избор на знаење во среден век.
Калдрместите улички, полни со историја и шарм, ќе Ве заведат на прв поглед..
Оттаму, се качуваме на брод до Позитиано.. Мал град, величенствен на секој чекор , познат по отмените вили кои се како вградени во карпите и каскадно се спуштаат кон морето.
Потоа, одиме со брод до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег.
Враќање во Салерно
Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia…
Враќање во хотел.
Ноќевање
5 ДЕН 17.04.2023 (Наполи – Mатера – Палата Казерта - Бари – Драч – Скопје)
Појадок. Одјава од хотел.
Поаѓање за Матера, прогласена за најдобра дестинација во светот во 2019 година и престолнина на Европската култура.
Се наоѓа во областа Базиликата кој бил и главен на оваа област, од 1663 година до 1806 година.
Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност и е под зашитита на УНЕСКО.
Ќе се напиеме кафенце или пулиски ликер, во пештерата стара 2000 години, ќе ја посетиме надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 година.
Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , Поезија во камен..
Сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта..
Овој магичен град е просторот каде што времето застанало..
Ќе прошетаме покрај пештерните куќи стари 9000 години, како во временска машина која те враќа назад и те шета низ вековите.
Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, претежно Холивудски.
“Евангелието на Мaтеј” во 1964 г. од Пиер Паоло Пазолини e eден од филмовите, но најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година.
Во попладневни часови, поаѓање кон пристаништето на Бари и качување на траект за Игуменица.
Ноќевање на траект.
6 ДЕН 18.04.2023 (Драч – Скопје)
Пристигнување во Игуменица, попатни застанувања за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Цена за последни места 289 евра
Цената вклучува:
Превоз со високотуристички автобус
Превоз со брод на релација Игменица – Бари – Игуменица (седиште на брод)
3 ноќевања во хотел хотел Miramare Giuliano – Неапол 3*
Посета на Бари и базиликата Св.Никола
Посета на Матера со локален водич на италјански јазик и српски придружник
Посета на Алберобело со водич на српски јазик
Посета на Неапол со водич на српски јазик
Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet
Организација и водство на програмата
Лиценциран туристички придружник
Цената не вклучува:
Посета на Амалфи и Позитано со водич на српски или јазик 70 евра
Посета на Помпеа (влезница 18 еур според моменатлната цена, влезниците се проверуваат пред тргнување) и Везув (вклучена влезница) со локален водич 50 евра
Доплата по лице за четирикреветна кабина на траект 55 евра повратен билет
Доплата по лице за двокреветна кабина на траект 105 евра повратен билет
Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 20 евра повратен билет
Доплата за еднокреветна соба во хотел 60 евра
НАПОМЕНА : За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, Организаторот на патувањето не е овластен да одговара за исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е
минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата.