Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

05-ти Декември СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во16 часот. Лет за Рим во 17.20 часот. Слетување во Рим во 19 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампино… Трансфер до хотел и сместување.

Пристигнување во центарот на Рим, каде започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Украдете дел од културата на италијанците… лесна вечера пица, паста, вино, кафе, сладолед…Ноќевање.

6-ти Декември РИМ – ВАТИКАН - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне. Ноќевање.

7-ми Декември РИМ

Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

8-ми Декември – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20.15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.

Цена за уплати до 20.10:
189 евра (11.718,00 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
229 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер

– Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром

– Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран панорамски разглед на градот

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.700 мкд

– Туристичка такса во хотел

– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg (цената проверете ја во агенција)

– Влезници во музеите и културно историските споменици

– Карти за локален превоз (метро)

– Патничко – здравствено осигурување

 

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра

Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

 

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.

– За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Травити туристичка агенција

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Начини на плаќање:

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во претпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Општи напомени за патување:

Агенцијата  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.