Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Вечниот град - РИМ

Авион / 5 дена / 4 ноќевања

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

01-ви Март СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во16 часот. Лет за Рим во 17.20 часот. Слетување во Рим во 19 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампино… Трансфер до хотел и сместување.Ноќевање.

02-ри Март ВАТИКАН

Појадок.Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар . Пауза за ручек и кафе во близина на Колосеум.
По Ватикан следи разглед со локален водич (траење 3 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Аурелијански ѕидини, Св Петар и Павле, Каракалини терми, замокот Ст.Анџело…. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

3-ти Март РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Враќање во Рим…. Слободно попладне. Ноќевање.

4-ти Март БАРОКЕН РИМ

Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот. Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

5-ти Март –АНТИЧКИ РИМ -СКОПЈЕ

Појадок.Одјавување од хотел. Претпладне (факултативно) – Антички Рим – со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 2 часа) – Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо….Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20.15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.

Цена на аранжманот е 299 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
  • Кабинска торба ( ранец)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3*на база 4 ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на градот
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 мкд
  • Туристичка такса во хотел
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg (цената проверете ја во агенција)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување

 

Факултативни излети:

Ватикански музеј, Св.Петар, Сикстинска капела,  – 60 евра

Тиволи – 50 евра

Барокен Рим –  Рим 15 евра

Антички Рим – 40 евра

 

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.

– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.

– За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

– За оваа програма важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Травити туристичка агенција

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Начини на плаќање:

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во претпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Општи напомени за патување:

Агенцијата  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.