Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Травити – За туристи, кои не се како сите исти!

10 дневна програма

13.11.2019– СКОПЈЕ – ПУКЕТ

Полетување од Скопје кон Доха во 11:55. Пристигнување воДохаво 18:35локално време. Полетување кон Пукет во 20:30локално време.

14.11.2019 ПУКЕТ

Пристигнување во Пукет наутро, во 07:05 часот локално време. Пречек во Пукет од страна на локалните партнери и трансфер до хотел. Сместување во хотел со 4*. Слободно време за индивидуални активности и уживање на најпознатата плажа на Пукет – Patong beach. Насладете се со бескрајните песочни бели плажи, многубројните угостителски објекти каде преку традиционалната храна ќе го почуствувате духот на Тајланд, продавници во кои локалните жители ќе Ве пречекаат со топла насмевка и незаборавни забави во текот на ноќта. Едноставно, препуштете се во ритамот на еден од најубавите острови на Андаманскотоморе.Ноќевање

15.11.2019) –  ПУКЕТ

Појадок.Факултативен излетдо Phi Phi Islandsсо вклучен ручек .Возење со брз брод Ноќевање.

16.11.2019–ПУКЕТ  

Појадок . Факултативен разглед на  Кралство Тигар, Голем Буда, Ват Чалонг.Ноќевање

17.11.2019

Појадок. Факултатитвен излет до островот Џејмс Бонд Ноќевање.

18.11.2019

Појадок . Факултативен разглед во градот Пукет која ве води до најпознатите плажи и во срцето на секојдневниот живот. Ноќевање

19.11.2019

Појадок .  Факултатитвен разглед  Сафари тура  за сите љубитељи на на природата на островот Пукет. Ноќевање

20.11.2019.

Појадок.Факултативен излет на шоуто Фантазија (Тематски парк со  ноќен живот кој се наоѓа на плажата Камала, на само 4 км од Патонг. Паркот е дом на многу атракции и авантури во античката култура и митологија на Тајланд). со вклучена вечера.Ноќевање.

21.11.2019.

Појадок.Одјавување од хотел и трансфер до аеродромот во Пукет.Полетување кон Доха во 17:20часот.Пристигнување во Доха во 20:35часот. Полетување од Доха во 07:30 часот.

22.11.2019

Слетување во Скопје во 10:55часот.

Ценовник:

Промо цена: 799 евра за резервации и авансни уплати до 01.10

Редовна цена: 899 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје-Катар-Пукет-Катар-Скопје;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 7кг;
  • Чекиран багаж до 30кг;
  • 7 ноќевања со вклучен појадок во хотел со 4* во Патонг наПукет
  • Повратен трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром;
  • Придружник од агенцијата

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Групна виза за Тајланд – 65евра по лице
  • Факулатитивни екскурзии
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција)

Потребни документи за виза:

  • Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
  • 1 слика пасошки формат;
  • Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
  • над 60 дена пред датумот на реализација се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 30-тиот ден пред датумот на реализација се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 30 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Напомена:

  • За ова патување е потребна патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;;
  • За резервација е потребна уплата на 50% депозит
  • Доплата на аранжманот 30 дена пред реализација на истиот.

ОПИС НА ЕКСКУРЗИИ:

Екскурзии:

Острови Кох-Пи Фи

Цена: 65,00 ЕУРпо лице.

 Поаѓање наутро. Трансфер допристаниште од каде што се поаѓа кон островите,краток вовед за тоа како ќе се одвива турата.

Пристигнувањево архипелагот Пи Пи, каде  што беше снимен филмот „Плажа“,во заливот на Мајабеј, скапоцен камен и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Лагуната.Доаѓаме на Бамбус островот и уживаме во пливање и тиркизно море. Одејќи покрај Викиншката пештера и слушајќи приказни за античките пирати, пристигнуваме на плажатана  Мајмуните, каде можеме да храниме мајмуни. Слободно време за нуркање во чистатавода со риби со необични бои. Пауза за ручек во Пи Пи Дон (Фи-Дон) и попладне враќање во сместување.

Екскурзиската цена вклучува:

-Трансфер до пристаништето

-Возење со чамец

-Безалкохолни пијалоци и свежо овошје

-Ручек без пијалоци

-Опрема за нуркање

-Локален водич на англиски јазик

Остров ЏејмсБонд

 Цена: 65,00 ЕУРпо лице

 Поаѓање во  утринските часови,трансфер до местото на поаѓање на патувањето. Првиот стоп би бил воПештератана  Мајмуните(„Пештера на мајмуните“ или тајландски „Ват Суван Куха“). Овој храм, кој се наоѓа во внатрешноста на пештерата, има голема историска, теолошка и археолошка вредност. Имаме можност да видиме многу прикази на Буда и да ги нахраниме мајмуните кои се слободни да трчаат внатре и околу пештерата. Возење со бродот до островот на Џемс Бонд.Овој мал остров, стана популарен во 1974 година кога филмот „Човекот со златниот пиштол“ беше снимен со Роџер Мур во главната улога.По обиколката на островот пауза за ручек  во традиционалното муслиманско пловечко село на островот Кох Панје. По ручекот можност за прошетка по малите патеки и тесните улици на ова прекрасно село со патот до џамијата. Слободно време за купување сувенири. Враќање во сместувањето попладне.

 Во цената е вклучено:

-Повратен трансфер од хотелот до пристаништето и обратно

-Возење со брод

-Ручек без пијалок.

-Локален водич на англиски јазик

Разглед на Пукет

Цена: 40,00 ЕУРпо лице

Разглед на градот Пукет  половина ден тураод 09-15ч.која ве води до најпознатите плажи, и во срцето на секојдневниот живот. Посетете ја статуетката Биг Буда, блескавиот Ват Чалонг, погледнете ја кинеско-португалската архитектура во Пукет Таун, раглед на еден од локалните пазари и добијте спектакуларен поглед на островот. Водич на англиски и пратител на македонски јазик, вклучен е и превоз од и до Вашиот хотел во Пукет. Што е вклучено во разгледот:запирање на станици со прекрасни погледи на Пукет и многу фотографирање,посета на 5 плажи во еден ден: Патонг, Ката, Ката Нои, Карон, Наи Харн, Раваи .Дознајте повеќе за тајландската култура и традиција, прошетка по шармантните историски улици на градот Пукет.

Кралство Тигар, Голем Буда, Ват Чалонг

Цена: 50,00 ЕУРпо лице.

Поаѓање на екскурзијата претпладне или попладне.Има два термини.

Го започнуваме денот со адреналин – со одење во кралството на Тигарите! Радувајте се, соберете храброст, излезете од вашата зона на удобност – влезете во кафез со тигар или лав. Дозволете им на овие кралски животни да ве пленат со својот изглед и шарм. Имате можност да фотографирате и да се дружите со бебешкиот тигар, но и со најголемиот тигар, чија должина може да биде над 2,5 метри.Турата нуди можност за посета на фабрика за апетисани- односно индиски ореви и презентација како тие се прават рачно.Посета на одгледувачница на пчели и можност за купување на нивниот познат мед како и производи направени од мед разна козметика. После адреналинот, се упатуваме кон статуата на Големиот Буда. Статуата е висока 45 метри, изработена од армиран бетон и покриена со бел мермер што сјае за да може да се види од скоро секој дел на Пукет. Сместено е на врвот на Накерд Хил и е најсветото место во Пукет. Создаден е во чест на починатиот крал Рама IX. Покрај тоа е статуа на Малиот Буда, со златна боја и создадена во чест на кралицата Сирикит, сопруга на кралот Рама IX. После Големиот Буда, дел од денот го поминуваме играјќи со слоновите. Ние ќе ги нахраниме со банани и шеќерна трска и ќе уживаме во радосна игра со слонови  бебиња. Постои опција да јавате слонови. Индо-кинескиот слон е еден од 3 типа слонови што постојат денес во светот. Многу е вообичаено да се сретнете со нив во Тајланд, а слоновите се сметаат дека се едни од најинтелигентните видови животни, имаат многу добра меморија и можат да прикажат различни емоции (среќа, тага, радост, игра …). Потоа  го обиколуваме храмот Ват Чалонг. Ова е најубавиот храм на целиот остров. Во него се сместени остатоците од коските на Буда, а зидовите на пагодата се украсени со детали од животот на Буда. Храмот е домаќин на најразлични фестивали.Враќање во хотел.

 Во цената е вклучено:

-организиран превоз според планираното рутирање и возење слонови.

-локален водич

-Цената на екскурзијата не вклучува:

 Влезница во Храмот на тигрите (индивидуален избор на една или повеќе тигри за фотографирање)

ПУКЕТ – САФАРИ

Цена по лице:50еурпо лице

Половина ден Сафаритура(од 09:30 или 14:00 часот)

Топло добредојде на сите љубители на природата на островот Пукет со неверојатни животни на убави природни места. Уживајте авантуристички активности комбинирани со учењето на тајландскиот рурален животен стил и уживање во шармот на слатките животни кои ќе предизвикаатнасмевка на вашите лица. Нашите целосно обучени и искусни водичи ќе ве однесат вас  преку густата тропска шума заедно по патеките од југозападниот агол на прекрасниот остров Пукет.

Програмата вклучувакапење сослон ,јавање на слоновите 30 мин ,шоу со слон ,шоусо мајмуни,кајакарење ,земјоделието со Тајландскиот ориз ,картинг , бафало фотографирање ,скокови со гума  Тајландско готвење ,Тајландски бокс ,ручекили вечера .

Во цената е вклучено:

-Повратен трансфер од хотелот и обратно

-се што е напоменато во разгледот за посета

-Ручек или вечера без пијалок.

-Локален водич

Ноќно Шоу-Пукет Фантасиа

Цена по лице:120еурпо лице

Пукет Фантасиа е тематски парк со богатноќен живот кој се наоѓа на плажата Камала, на само 4 км од Патонг. Паркот е дом на многу атракции и авантури одантичката култура и митологија на Тајланд. Шармантните и убави класични танци од различни региони на Тајланд играат значајна улога во разновидните претстави. За оние кои ќесе одлучат за пакетот Show & Dinner,ќеуживаат  во вкусната вечера во ресторанот Fantasia пред шоуто. Ова е едно од најголемите азиски ресторани и е искуство кое нуди тајландска и интернационална кујна. Animalsвездите-  животните,не се само членови на актерската екипа FantaSea, туку и членови на семејството FantaSea. Секој изведувач -животно е уникатна личност и се третира со најголема почит и грижа.

Во цената е вклучено:

-Повратен трансфер од хотелот и обратно

-се што е напоменато во разгледот за посета

-Вечера без пијалок.

-Локален водич на англиски јазик

*цените за екскурзиите се информативни и може да подлежат на промени