Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Стразбур, Риквир, Колмар и Базел за 1ви Мај

01. Мај (Петок) СКОПЈЕ - БАЗЕЛ - КОЛМАР

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Базел во 06:10 и пристигнување во 08:30 часот.Организиран трансфер до Колмар. Пристигнување во Колмар во претпладневните часови и сместување во хотелот.На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ градчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.Враќање во хотел. Ноќевање.

02. Мај (Сабота) КОЛМАР-РИКВИР-СТРАЗБУР

Појадок.Одјава од хотелот до 09:30ч..Поаѓање кон Стразбур.На пат кон Стразбур попатна посета на селото Риквир, едно од најубавите села во Франција, со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се Кулата на северната капија од 13-ти век, Црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век.Патот продолжува кон Стразбур.Пристигнување во пладневните часови во Стразбур.Сместување во хотел. Можност за крстарење по каналите на Стразбур . Враќање во хотел. Ноќевање.

03. Мај (Недела) СТРАЗБУР

Појадок Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век.Враќање во хотел. Ноќевање.

04. Мај (Понеделник) СТРАЗБУР – БАДЕН БАДЕН - СКОПЈЕ

Појадок.Одјава од хотел до 10:30ч. Слободно време до поаѓањето за Баден-Баден. Трансфер до аеродромот во Калсруе-Баден Баден. Полетување за Скопје во 15:55 часот и слетување во 18:10 часот.

За уплата до 10. Февруари цената е: 349 евра за првите 10 места
Редовна цена на аранжманот е: 389 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје – Баден Баден и Базел – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 7kg)
  • Сите трансфери по програмата со автобус
  • Сместување во Хотел 3* во центарот на Стразбур на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел 3* во центарот на Колмар на база 1 ноќевање со појадок
  • Организиран разглед на Стразбур, Риквир, Колмар
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 3.700 денари
  • Крстарење по каналите на Стразбур 19 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари

Напомени:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето