Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Халкидики Ситонија

Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и лозјата, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Геракини, Метаморфозис, Каламици, Порто Куфо, Вурвуру, Никити, Псакудија, Неос Мармарас, Торони, Сикиа или Сарти, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.

Љубители на природата

Името го добила по Ситонија, синот на богот на морето Посејдон. Брдата тука се видно поизразени и е позната по прозиводство на вино и мед. Идеално место е за љубителите на природа. Се одликува со чисти плажи. Возбудливите пејсажи на овој полуостров се вистинска атракција за сите туристи, посебно за оние кои се љубители на природа. Бреговите на овој крак кријат шармантни туристички места во кои ќе го почувствувате традиционалното гостопримство, комфорно сместување и прекрасни хотели. Кој дел и да изберете од Ситониа, ќе здогледате златна песочна плажа во таинствени заливи, над кои се спушта четинарската шума. Од друга страна, ви се нуди можност за посета на некои од историските локалитети.

Каде се наоѓа Ситонија

Сместување во Ситонија

€80 Tour list image

Вила Никити Беј

Апартмани 0 мислења 6 денови
€150 Tour list image

Vila Sole A Mare | Neos Marmaras

Апартмани 0 мислења 6 денови
€195 Tour list image

Студија / апартмани “Avra”

Апартмани 0 мислења 6 денови