Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Наполи – Алберобело – Амалфи – Позитано - Соренто– Матера

Само неколку места во светот може да се пофалат со толку многу уметност, архитектура, музика и храна – или со толку многу природни убавини, од карпести планини до зелени ридови и крајбрежја со магична убавина како  Италија, каде совршената симбиоза на човекот и природата создала места кои претставуваат рај за сите човечки сетила.

Алберобело

Веднаш штом ќе стапнеме на италијанското тло, не чека Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители.

По восхитувачките глетки во Алберобело,се упатуваме кон..

Неапол

Романтичниот Неапол, најголемиот град во јужна Италија е на два часа патување со автомобил јужно од Рим.  Овој град изобилува со култура, во Неапол се најдобрите театри и куќи на операта во светот, често го нарекуваат и музеј на отворено поради бројните статуи и монументи. Зајдисонцата на Неапол се воодушевувачки, заливот на Неаопол е место –шеталиште за семејства и парови.

Амалфи

Откако Неапол ќе Ве остави без здив, продолжуваме кон уште поимпресивни глетки кон италијанскиот крајбрежен град Амалфи на југо-запад каде бројните туристи и трагачи за совршено место за одмор го ставаат ова место на број 1 на листата. Планинските клисури се спуштаат сè до морето и создаваат еден магнетски привлечен пејзаж.Суперлативите кои најдобро го опишуваат овој дел од Италија ги препозна и УНЕСКО, кој го прогласи местото за заштитена светска градина…

Кога ќе помислите дека не можете да бидете повеќе импресионирани.. Следи …

И, за крај, како што се вели, јаготката на шлагот, следи

Матера

Матера е град во областа Базиликата во Јужна Италија кој бил главен град во оваа област од 1663 година до 1806 година . Градот лежи на камениот кањон познат под името Гравина . Познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафенце или ,, пулиски ликер,, во пештера стара 2000 години да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 -70 година. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , Поезија во камен, сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш ,, Таму каде што времето застанало ,, Можеш да прошеташ над пештерните куки стари 9000 години, шетајки да почуствуваш дека си во временска  машина која те враќа назад и те шета низ вековите. До 1947 година Италија не го има чуствувано градот како чудо кое наскоро ќе биде Европска престолнина на културата , туку како град ,,срам на Италија,, за набрзо после тоа да стане познат во целиот свет и Италија да се гордее со овој свој феномен. Градот брои 62 000 жители , а заради уникатната архитектура во него се снимени над 40 филмови претежно Холивудски . ,,Евангелието на МАТЕЈ ,, во 1964 г. од Пиер Паоло Пазолини, но конечно најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм Пасија во 2004 година

Програма на патување

Поаѓање од Скопје за Драч во 11 часот од хотел Вип. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и НОЌЕВАЊЕ на траект.

Пристигнување во Бари во утринските часови.  Поаѓање за Алберобело. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее автентичноста  на овој град како од бајките.Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и сместување во хотел. Ноќевање.

Појадок. По појадокот, се упатуваме кон панорамски разглед на Соренто , градот на сонцето, со воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив.Со автобусот се упатуваме кон автобуската станица на Соренто и од таму се качуваме во мини бус за посета на Амалфи и Позитано. Во договор со групата, заеднички ручек во Амалфи. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи. Ноќевање.

Појадок. Во попладневните часови пешачка тура низ градот Наполи со локален водич.  Разглед на историскиот центар на градот под заштита на Унеско, Кралската Палата, Тврдината, Театарот Сан Карло – најстарата активна опера во Европа. Слободно време за ручек и вкусување на едно од омилените јадења во светот –  Пицата.

По разгледот, се упатуваме кон плоштадот Piazza del Plebiscito каде се оддржува најголемата забава во градот со музика во живо ( рок, традиционална музика..), поворка и полноќни огномети, најдобри во Европа.

Според традицијата во Наполи, на Новогодишната ноќ. старите предмети се фрлаат од терасите и се верува дека на тој начин, нови и подобри работи ќе се случат во престојната година.

По прославата, враќање во хотел.

Ноќевање.

Појадок. Одјавување од хотел. Се упатуваме кон.

Во однапред договорено време тргнување назад кон Бари, качување на траект, ноќевање на траект. Пристигнување во Драч, попатни застанувања за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Скопје.

За уплата до 01.12.2019: 239евра.
Редовна цена: 259 евра.

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус 
  • Превоз со брод на релација Драч – Бари – Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Неапол 
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:

  • Задолжителна посета на Алберобело со локален водич на англиски јазик 15 евра
  • Задолжителна посета на Матера со локален водич на англиски јазик 15 евра
  • Посета на Амалфи и Позитано со локален водич на англиски јазик 40 евра
  • Разглед на Наполи со водич и превоз до плоштадот Piazza del Plebiscito 15 евра
  • Доплата по лице за двокреветна кабина на траект 35 евра
  • Доплата по лице за четирикреветна кабина на траект 25 евра
  • Патничко осигурување