Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

1 ДЕН 29.12.2019 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот пред Хотел Вип  во 21.30 часот. Поаѓање за Атина во 22.00 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ДЕН 30.12.2019 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

3 ДЕН 31.12.2019 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел.Прослава на Нова Година 2020–ресторан. Ноќевање.

 

4 ДЕН 01.01.2020 АТИНА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок.Одјава од хотел.Ве водиме на полудневен излет (факултативен) долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни сати.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.12.2019:
129 евра / 7.998денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
149 евра / 9.238 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување на база  2 НП во OASIS Hotel Athens, Luxury 4* на Глифада

-Организирана Новогодишна вечера

– Организација на аранжманот и пратител на групата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување 120 ден

– Факултативна посета на Пелопонез (30 €)

– Вечера во Таверна (25€)

– Посета на Сунион (10€)

– Влезници за локалитетите и други факултативни посети

– Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

– Туристичка такса за хотел се плаќа директно на рецепција околу 6 еур. за целиот престој по соба

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според правилата на СКТМ и  ТРАВИТИ ТРАВЕЛ

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.