Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Mалдиви
Коралниот ѓердан на Индискиот океан

Рајски архипелаг од околу 1190 острови групирани во атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан, со највисока надморска  височина од 1,5 метри.Од островите се само 200 населени, а 103 од нив се користат за туризам.

Коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови го смируваат океанот и ги чуваат островите и нивните жители со векови.Острови со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија, како и прекрасниот и необичен подводен свет.

Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој е постојано застапен го прави островот пријатен.Дождовите се присутни во периодот јуни – јули, но сепак не можете да ги предвидите.Се појавуваат одеднаш и веднаш исчезнуваат.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

НАСЕЛЕНИЕ: 396.300 (2009)

ГАЛАВЕН ГРАД: МАЛЕ(околу 104.403 жители)ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ:На 26 јули 1965 год.Малдивите добиле целосна независност.Малдиви на 11 ноември 1968 год. прогласиле република.

РЕЛИГИЈА: Ислам

ЈАЗИК: Малдивски (дивехи)

ВАЛУТА: Руфија

ВРЕМЕНСКА РАЗЛИКА: гмт +5:00

Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров,населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.

Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето.Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи.

Зградите на типичен комплекс се ниски, еднокатни или приземни и секој хотел има ресторан, бањи ,продавници, барови, диско, простории за спортски активности и школа за нуркање.Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта на персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување  на отпадни води.Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава:излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др.До и од комплексот се патува со брзи глисери.

Малдивите се најниската земја на светот –  најголема висина на морето е 2,3 м.Во текот на минатиот  век нивото на морето се има подиганто за околу 20 см., и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.

Покрај тоа Малдивите се многу чуствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен факторисхрана на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат куси панталони, а жените кратки сукњи, колената и рамениците треба да им бидат покриени. Во туристичките комлекси не е потребно плаќање во локалната валута, може да се плаќа во евра,американски долари или со кредитни картички.

 

Со оглед на тоа дека Малдиви  е исламска земја,топлес и нудизам се строго забранети,пре-кршоците се плаќаат со големи суми.

Поседување или внес на нелегани наркотици настрого се казнува.

Внес на алкохолни пијалоци,преработки од свинско месо,списанија со несоодветни содржини,оружје,харпун е забрането.

Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.

Забранети се религиозни сувенири.

Мале

Мале (се изговара:”Маале”) е главен град и најголем град(во однос на населението) во Република Малдиви.Во градот живеат 103.693.Градот се наоѓа во јужните делови на атолите Кафу, на истоимениот остров Мале.Градот е дел од административната  поделба на Малдивите.Според традицијата градот е кралот на островот,каде што античката кралска династија владеела и каде што се наоѓала палатата.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ВО МАЛЕ:

-Хуруру Мискиј или Петочната џамија е една од страна на еден од најпознатите и најхаризматичните владетели,султанот Ибрахим Искандар I во средината на 17.век.Со златна купола доминира во небото над Мале.

-Претседателската палата

-Исламски Центар

-Султан парк и музеј

-Гробницата Абу Бар Баракат

АТРАКЦИИ И ИЗЛЕТИ

-Главниот град Мале

-Населените острови-скоро секој ресорт нуди полудневен излет до некој од населените острови на Малдивите,кај што може да севиди како изгледаат нивните мали градови, да се купат рачно направени сувенири и да се запознае локалното население.

-Фото тура со авион-поголем број од ресортите исто така нудат 30 минутно возење со авион со цел подобро да се види околината и да се направат фантастични фотографии.

Каде се наоѓа Малдиви

Дали знаевте

-Поради прекрасните подводни корални пејзажи. Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.Има прекрасни живописни корали и подводен најразличен свет од ражите па се до легендарните мирољубиви ајкули.Комбинацијата на топла вода до 25 степени,видливоста на водата до 25 км. Во длабочина како и стручните клубови за нуркање, овозможуваат сите оние кои се љубители на овој спорт да посакаат повторно да се вратат на Малдивите.

-Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров.Населен исклучиво со туристи,хотелските работници,без друго локано население.

-Планини и реки на овие острови не постојат, но изобилуваат со кокосови ореви, песочни плажи и тиркизни лагуни со кристално чиста вода.

-На Малдивите летото никогаш не завршува.Преку целата година е топло со мала промена на температурата во време на монсунските периоди.Североисточниот монсун кој почнува во октомври и завршува до април најчесто е сув до малку ветар, додека југозападниот кој трае од мај до октомври може да донесе ветар и дожд.Дневните температури се движат од 25-30 степени.Влажноста на воздухот е 80% лесно се поднесува благодарение на благите ветренца и сенките од палмите.Врнежите се кратки и ретки но со јак интензитет кога ги има.

-Има 10 аеродроми на Малдивите до кои има летови помеѓу островите,само еден аеродром, тој е на Мале кој е за интернационални летови.

-Трансферот со хидро-авион е доживување само по себе,бидејќи ќе ги видите од горе многуте острови и прекрасно синото море.Трансферот со хидро-брод е неопходен за подалечните острови

-Додека со брод(глисер) до поблиските острови и е поевтина опција за трансфер.

-На Малдивите не постои лоша плажа, сите се како рај од соништата.Најомилени за туристите се следниве:Kanuhura,One&Only,Reethy Rah,Kuredu,Palm Beach,Sineva Fushi,Reethy Beach,Royal Island,Coco Palm,Eriydau,Angsana Ihuru,Bandos,Baros,Club Rannalhi,Paradise Island,Sun Island,Fun Island.

-Средни температури се од 23C-31C.Најдобро време за посета е од Ноември до Април а највисока сезона е Декември до Март.Монсунските дождови ги има од Мај до Октомври , а најмногу во месец Јуни.

-Во повеќето ресорти стандардната услуга е ноќевање со појадок а некои ресорти нудат и услуга полупансион (појадок и вечера) или All Inclusive.

-Алкохолот се служи во хотелите и ресортите каде нема локално население. Малдивите се муслиманска земја и во хотелите, вилите во градовите како Мале и островите каде живее локалното население не се служи и продава алкохол.

-Вилите на вода се најлуксузните сместувања во Малдивите.