Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

ЛУТРАКИ

ЛУТРАКИ е мало туристичко место со околу 2000 жители се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии. 

Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).

 

Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени.

 

Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

 

3 дневна програма

 1 ден. (07.09.2019– сабота) МАКЕДОНИЈА – СОЛУН – ЛУТРАКИ

Тргнување од договорено место во утринските часови05ч на паркингот пред Хотел Холидеј Инн. Превоз со модерен туристички автобус. Пристигнувањеза Лутраки. Сместување во соби (секоја соба со мини кујна телевизор комплетно опремено купатило, парно греење). Вечерта е предвидено организирање на свечена  бузуки вечер во ресторан. Богата програма со грчка и македонска музика Ноќевање.

2 ден. (08.09.2019– недела) ЛУТРАКИ

Појадок.Слободно претпладне за разглед на Лутраки и посета на терманлите бањи и извори во околината, можност за посета на пештерата….. и уживање во минералните базени . Факултативно-На паладне групата заминува за Воден – градот на водопадите и прекрасните градини познати во цела Грција. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина. Слободно време за разглед на паркот и водопадите како и за гиро и фрапе во некој од многуте ресторани.Враќање во хотел.Ноќевање.

3ден. (09.09.2019понеделник) ЛУТРАКИ  – МАКЕДОНИЈА

Појадок.Слободно претпладнеза индивидуални активности.Поаѓање за Скопје во попладневните часови во 17ч.Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

Ценовник:

(3.999 денари) 64.5 € 

Во цената на аранжманот е вклучено׃

  • превоз со модерен туристички автобус,
  • двеноќевање во хотелсо појадок
  • организирана свечена вечера со музика и богата трпеза,
  • организација и водство (претставник од агенцијата за време на патувањето)

Во цената на аранжманот не е вклучено׃

  • патничко осигурување – 123 мкд.
  • Факултативна посета на Воден-10еур.

Цената е по курс од 1 еуро = 62денари

               За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по завршувањето на   аранжманот.

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40патници

За оваа програма важат општите услови за патување нa СКТМ и Т.А.Травити

Јужна Италија за 8ми Септември 

НАПОЛИ - АЛБЕРОБЕЛО - КАПРИ - АМАЛФИ - МАТЕРА

Промоција за резервации до 20.08

Резервирај!