Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Најголем грчки остров

Со површина од 8.621 км ² Крит е најголем грчки остров и петти во Медитеранот по Сицилија, Корзика, Сардинија и Кипар. Сместен во најјужниот дел на Медитеранот на крстопатот на трите континенти и опкружен со три мориња: Либијско, Егејско и Јонско. Дали е причината за изнимно убавата природа и разнидноста на Крит, миксот на изминатите цивилизации или тоа што богот Зевс бил роден тука, Ви оставаме заклучокот да го донесете Вие. Богатите археолошки наоди, манастири и старите градови само ја надополнуваат убавината на разудениот морски брег, песочните плажи и мирните ували. Грчката традиција и менталитетот не подлегнале на бурното минато, на многубројните освојувачи и цивилизации, па е Крит и денес автентичен Хеленски остров. На неговото тло, во периодот од 2600-1100 г.п.н.е. била оформена прва европска цивилизација – Минојска. Со текот на времето и столетијата, Крит го освојувале многубројни народи, но најсилен печат оставиле Млечаните под чива власт бил околу 400 години. По Балканските војни се припојува на Грција.

Туризмот во Крит

Крит поседува модерни туристички населби со современи хотели кои нудат можност за сите врсти на летување, како за одмор така и за забава. Некогашните пиратски засолништа и рибарски населби прераснале во преубави туристички гратчиња, кои со својата традиција и разновидноста овозможуваат пријатен и романтичен престој. Покрај главниот град Ираклион, најинтересните места за летување се гратчињата Ретимно /трет град по големина со доминантна венецијанска архитектура, Агиос Николаос /сликовито место богато со таверни и ресторани уз море, како и луксузни хотели и  убавите плажи/, Елунда /место познато по најлуксузните хотели, мали карпести плажи и голф терени/, Херсонисос /на 26 км од главниот град, познат по изнимно убави хотели, ресторани и барови, како и ноќен живот и песочните плажи/, Ханија / со своите преубави плажи/

Каде се наоѓа Крит