Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Крф поседува сѐ

Крф е дел од Јонскиот архипелаг со бујна вегетација, преубави плажи, специфична архитектура… Го карактеризира блага медитеранска клима и обилни врнежи од дожд во текот на зимата, па е едно од најзелените острови на Грција. Туризмот е најразвиен во крајбрежниот дел, а во внатрешноста на островот се наоѓаат недопрени автентични села со традиционален шарм. 

Градот Крф се развил помеѓу двете тврдини, богат со преубави италијански и француски градби, византиски цркви и плоштади полни со цвеќе. Најпознати се главниот плоштад, Esplanade или Spiniada, Јонската академија, зградата Листон, плоштадот на светците, палатите на св. Михаил и св. Ѓорѓи, дел на градот наречен Мандуки, полуостровот Канони, како и тврдините. 

 

Туризмор во Крф

Paleokastritsa е едно од најпознатите и најживописните села на островот, на 26 km северозападно од градот Крф, со 750 жители. Место опкружено со импозантни карпи и шесте преубави камчести и песочни плажи, познати по несекојдневното синило на морето, но и по ладната морска вода. 

Aggelokastro – византиската тврдина во близина на Paleokastritsa на 330 m височина, изградена во 13. век, која што служела за заштита од честите напади на пирати. 

Achillion – палатата во близина на селото Gastouri, изградена од страна на австриската царица Елизабета 1891. година во чест на грчкиот јунак Ахил. Во текот на II светска војна тука биле сместени болницата и главниот штаб

Островот Vido – Сината гробница и мавзолеј на српските војници од Првата светска војна.

Островот е познат по богатиот ноќен живот, градот Крф со голема понуда на барови и ноќни клубови, како и останатите места Кавос, Рода, Ипсос, Гувиа и Дасиа.

Со право Крф може да се пофали со исклучително убави плажи. На југозападната страна се: Glyfada, Yaliskari, Ag. Giordiоs, Ag. Stefanos, Paleokastritsа. На северната страна се Sidari и Aharavi, со долги песочни плажи. Источната страна е богата со мали, камчести плажи во Kassiopi, Nissaki, Barbati, a во Ipssos, Dassia и Gouvia се долги, песочно-камчести плажи. Помали, камчести плажи се на јужниот дел на островот во Peramа и Benitses.

Каде се наоѓа Крф

Сместување во Крф

€72 Tour list image

Messonghi Beach Hotel ***

Хотели 0 мислења 3 денови
€242 Tour list image

Ikos Dassia *****

Хотели 0 мислења 3 денови