Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Кипар

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент

1 ден: (04.03.2020 ) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот во Ларнака и сместување. Ларнака кој го викаат ,,душата” на Кипар е најстариот град на Кипар, со својата богата историја датира од пред 10.000 години. Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град , подеднакво убав и како град и како ресорт. По сместувањето предвидено е разглед на градот со прошетка низ најпознатата улица во Ларнака во строгиот центар на градот “Finikoudes”, посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот, како и посета на Тврдината изградена за одбрана од пиратите која се наоѓа на самото пристаниште. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

2 ден: (05.03.2020) ЛИМАСОЛ

Појадок. По појадокот предлагаме факулатитвна прошетка низ Лимасол. Лимасол е вториот град по големина на Кипар. Мештаните го нарекуваат и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима, гостопримството и развиената туристичка инфраструктура. Лимасол е градот со најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и голем број на маркети. На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето. Средновековниот дворец каде што англискиот крал Ричард ,,Лавовско срце” се оженил со Беренгарија од Навара, каде е и крунисана за кралица на Англија во 1191 г, се наоѓа во срцето на градот. Слободно време за прошетка низ Лимасол и активности по желба. Враќање во Ларнака. Ноќевање

3 ден: (06.03.2020) НИКОЗИЈА

Појадок. Факултативна посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Единствен град во светот кој е разделен на два дела и припаѓа на две држави. Се посетува и Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција. Посета на некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија. Прошетка во делот на градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари … Посета на Бујук Хан, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија , па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ познатата улица на градот и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака.

4 ден (07.03.2020)

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Агиа Напа.Агиа Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2 км. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.

5 ден: (08.03.2020) – ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел, oдјавување и трансфер до аеродром 07:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје во 10:00 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:20 часот локално време.

Цена за уплати од 50% до 30.12 : 179 евра
Редовна цена: 219 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел на база ноќевање со појадок 3*
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице – 3.100 денари (задолжително)
  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1.600 денари за двата правца
  • Факултативна посета на Никозија
  • Факултативна посета на градот Лимасол –
  • Факултативна целодневна посета на градот Аја Напа со пратител и трансфер

НАПОМЕНА: ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ СЕ ПЛАЌААТ ВО АГЕНЦИЈА СО РЕЗЕРВАЦИЈАТА НА АРАНЖМАНОТ!

  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници за факултативните излети да ја измени цената или да ги откаже истите во целост , како и промена на редоследот на истите во случај на објективни нрепредвидени причини.