Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Кипар за Водици

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент

1 ден: (19.01.2020 ) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот во Ларнака и сместување. Ларнака кој го викаат ,,душата” на Кипар е најстариот град на Кипар, со својата богата историја датира од пред 10.000 години. Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град , подеднакво убав и како град и како ресорт. По сместувањето предвидено е разглед на градот со прошетка низ најпознатата улица во Ларнака во строгиот центар на градот “Finikoudes”, посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот, како и посета на Тврдината изградена за одбрана од пиратите која се наоѓа на самото пристаниште. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

2 ден: (20.01.2020) ЛИМАСОЛ

Појадок. По појадокот предлагаме факулатитвна прошетка низ Лимасол. Лимасол е вториот град по големина на Кипар. Мештаните го нарекуваат и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима, гостопримството и развиената туристичка инфраструктура. Лимасол е градот со најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и голем број на маркети. На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето. Средновековниот дворец каде што англискиот крал Ричард ,,Лавовско срце” се оженил со Беренгарија од Навара, каде е и крунисана за кралица на Англија во 1191 г, се наоѓа во срцето на градот. Слободно време за прошетка низ Лимасол и активности по желба. Враќање во Ларнака. Ноќевање

3 ден: (21.01.2020) Aja Напа

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет  во градот Аја Напа.Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. 

Посета на најпознатиот манастир изграден во 16ти век во пештера каде е пронајдена икона од Богородица.

Разглед на градот, слободно време за индивидуални активности.

Некогашно мало, рибарско село, денес е престижен туристички центар.  Враќање во хотел. Слободни активности.  Ноќевање.

4 ден: (22.01.2020) – ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел, oдјавување и трансфер до аеродром 07:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје во 10:00 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 11:20 часот локално време.

ПОСЛЕДНИ МЕСТА ПО ЦЕНА ОД 159 ЕВРА
Редовна цена: 199 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел на база ноќевање со појадок 3*
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице – 3100 денари (задолжително)
  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1.600 денари за двата правца
  • Факултативна посета на Aја Напа 35 евра
  • Факултативна посета на градот Лимасол 50 евра
  • НАПОМЕНА: ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ СЕ ПЛАЌААТ ВО АГЕНЦИЈА СО РЕЗЕРВАЦИЈАТА НА АРАНЖМАНОТ!
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници за факултативните излети да ја измени цената или да ги откаже истите во целост , како и промена на редоследот на истите во случај на објективни нрепредвидени причини.