Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Халкидики Касандра

Касандра, чие име потекнува од македонскиот крал Касандрос, се наоѓа најзападно и е најпосетеното место од полуостровот Халкидики. Ја карактеризира богата вегетација, борови шуми, прекрасни плажи и мали гостопримливи места. Поради чистото море и топлата клима, плажите се убаво уредени и безбедни, па повеќето од нив секоја година ја добиваат престижната награда „Сино знаменце“.

Внатрешноста на полуостровот е слабо населена. Локалните жители живеат во регионот покрај брегот и освен со туризмот, се занимаваат и со риболов и земјоделие. Тука е развиено и производството на мед, вино и маслиново масло, па при посета, препорачуваме да си ги купите овие производи поради нивниот висок квалитет.

Туризмот во Касандра

Туризмот е најраспространета дејност. Некогашните мали рибарски села, денес се познати туристички места со убави и нови куќи, вили и хотели, таверни и ресторани, како и кафетерии и дискотеки. На источниот дел на брегот се наоѓаат едни од најпопуларните места, додека на западниот дел од брегот најпознати се Сани и Фурка. Местата кои го содржат префиксот „Неа“ што значи Ново, се основани од мигрантите кои се доселиле од различни страни во првата половина на 20. век.  

Главниот град на полуостровот е Касандриа, кој се наоѓа на средината, опкружен со шуми. Тоа е едно од најстарите места на Халкидики, кое датира од 16. век. Има околу 3000 жители и е административниот и комерцијалниот центар на областа. Тука има повеќе продавници, пазар, пошта, банки и останати служби неопходни за функционирање на голем град како овој. Тука се наоѓаат и црквата на Пресветата Богородица, Народниот музеј и напуштената ветерница кои вреди да се посетат.

Авантури во Касандра

Ако сакате да го обиколите полуостровот, најдобро е да го направите тоа со автомобил. Сообраќајницата која оди кружно ги поврзува источниот и западниот брег и јужниот и северниот. Задолжително посетете ја пештерата и археолошкиот музеј Петралона, кои чуваат 700 000 години стар череп од најстариот предок на современиот европски човек, како и бројни фосилни остатоци од животните и алатите од времето на палеолитот. Во Калитеа се археолошките наоѓалишта, храмот на Зевс од 4. век п.н.е. и малата капела Св. Пантелејмон. Во Неа Фокеа е манастирот и византиската осматрачница од почетокот на 15. век. На плажата Сани се наоѓаат неколку добро сочувани ветерници. Афитос е место кое ќе ве маѓепса со своите стари камени куќи од 19. век, таверни, кафулиња и барови.

Каде се наоѓа Касандра

Сместување во Касандра

€49 Tour list image

Полихроно- Вила Панос

Апартмани 0 мислења 6 денови
€80 Tour list image

Вила „Haus Litea“ Потидеа

Апартмани 0 мислења 6 денови
€49 Tour list image

Неа Потидеа

Апартмани 0 мислења 6 денови
€250 Tour list image

Vila Chrouso Palace

Апартмани 0 мислења 6 денови
€180 Tour list image

Куќа “Maria Karga”

Апартмани 0 мислења 6 денови
€50 Tour list image

Вила “MARIA” – Ханиоти

Апартмани 0 мислења 6 денови