Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Магичната Јужна Италија

Наполи – Алберобело – Капри – Амалфи - Позитано– Матера

Само неколку места во светот може да се пофалат со толку многу уметност, архитектура, музика и храна – или со толку многу природни убавини, од карпести планини до зелени ридови и крајбрежја со магична убавина како  Италија, каде совршената симбиоза на човекот и природата создала места кои претставуваат рај за сите човечки сетила.

Романтичниот Неапол

Романтичниот Неапол, најголемиот град во јужна Италија е на два часа патување со автомобил јужно од Рим.  Овој град изобилува со култура, во Неапол се најдобрите театри и куќи на операта во светот, често го нарекуваат и музеј на отворено поради бројните статуи и монументи. Зајдисонцата на Неапол се воодушевувачки, заливот на Неаопол е место –шеталиште за семејства и парови.

Прекрасниот Амалфи

Откако Наполи ќе Ве остави без здив, продолжуваме кон уште поимпресивни глетки кон италијанскиот крајбрежен град Амалфи на југо-запад каде бројните туристи и трагачи за совршено место за одмор го ставаат ова место на број 1 на листата. Планинските клисури се спуштаат сè до морето и создаваат еден магнетски привлечен пејзаж.Суперлативите кои најдобро го опишуваат овој дел од Италија ги препозна и УНЕСКО, кој го прогласи местото за заштитена светска градина…

Капри, јаготката на шлагот

И .. како што велат, јаготката на шлагот се става последна, така и ние овој пат на Ваше големо изненадување, го вметнавме и монденското летувалиште Капри како дел од програмата.

Низ Капри поминале многу познати уметници кои зад себе оставиле слики или напишале поезија додека му се восхитувале на ова волшебно место.

Почнувајки од италијанската дива Софија Лорен,па Ричард Бартон,Елизабет Тејлор, Ума Турман, Анџелина Џоли, Бред Пит, Никол Кидман ,Том Круз и многу други ,чии посети се овековечени и ги красат многуте плакати низ центарот Капри.

Денес Капри е туристичка дестинација на многубројни туристи од ширум светот. Во 1950 тој станал одредиште на светскиот џет-сет. Изобилува со прекрасни вили, убави ресторани и незаменеливи зајдисонца!

6 дневна програма

10.10.2019 (Скопје – Драч – Бари)

Поаѓање од Скопје за Драч во 11 часот од хотел Вип. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и НОЌЕВАЊЕ на траект.

 

11.10.2019 (Бари – Арбелобело – Наполи)

Пристигнување во Бари во утринските часови.  Поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее автентичноста  на овој град како од бајките.Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и сместување во хотел. Ноќевање.

12.10.2019 (Наполи – Амалфи – Позитиано )

Појадок. По појадокот, посета на Амалфи и Позитино.Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег. Позитано е мал град, а, на секој чекор величенствен, познат по отмените вили како вградени во карпите кои каскадно се спуштаат кон морето. Во договор со групата, заеднички ручек во Амалфи или Позитано. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи. Ноќевање.

13.10.2019 (Наполи – Капри – Наполи )

Појадок. После појадокот следи излет  со брод  до монденското летувалиште Капри.Убавината и славата на овој прекрасен остров  се познати уште од антички времиња и уште привлекува голем број посетители од целиот свет. Разглед на градот: Плавата пештера,  малата марина- Marina Piccolа. Слободно време за индивидуални прошетки .Во попладневните часови враќање во Наполи. Слободно време.Ноќевање.

14.10.2019 (Наполи – Mатера – Бари – Драч )

Појадок. Одјавување од хотел. Се упатуваме кон Матера https://www.youtube.com/watch?v=sK6x0lKrRAI&vl=en&fbclid=IwAR1_L6NJBiL51iTrsOas9BCx9wWW4-yfIL5s1Om4hGOAPgr1NzZ4umeasQM. Матера е град во областа Базиликата во Јужна Италија кој бил главен град во оваа област од 1663 година до 1806 година . Градот лежи на камениот кањон познат под името Гравина . Познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафенце или ,, пулиски ликер,, во пештера стара 2000 години да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 -70 година. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , Поезија во камен, сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш ,, Таму каде што времето застанало ,, Можеш да прошеташ над пештерните куки стари 9000 години, шетајки да почуствуваш дека си во временска  машина која те враќа назад и те шета низ вековите. До 1947 година Италија не го има чуствувано градот како чудо кое наскоро ќе биде Европска престолнина на културата , туку како град ,,срам на Италија,, за набрзо после тоа да стане познат во целиот свет и Италија да се гордее со овој свој феномен. Градот брои 62 000 жители , а заради уникатната архитектура во него се снимени над 40 филмови претежно Холивудски . ,,Евангелието на МАТЕЈ ,, во 1964 г. од Пиер Паоло Пазолини, но конечно најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм Пасија во 2004 година.

Во однапред договорено време тргнување назад кон Бари, качување на траект, ноќевање на траект. Пристигнување во Драч, попатни застанувања за одмор и царински формалности.

15.10.2019    Македонија

Пристигнување во Скопје.

Ценовник:

Промотивна цена 259 евра за резервации до 10.09и авансна уплата од 30%

Редовна цена: 279 евра

Редовна цена: 279 евра

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус 
  • Превоз со брод на релација Драч – Бари – Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Неапол 
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:

  • Задолжителна посета на Алберобело со локален водич на англиски јазик 15 евра
  • Задолжителна посета на Матера со локален водич на англиски јазик 15 евра
  • Посета на Амалфи и Позитано со локален водич на англиски јазик 30 евра
  • Посета на островот Капри со локален водич на англиски јазик 65 евра
  • Доплата по лице за двокреветна кабина на траект 35 евра
  • Доплата по лице за четирикреветна кабина на траект 25 евра
  • Патничко осигурување

 

Каде се наоѓа Јужна Италија?

Докажано најдобрите тури оваа есен!

  • Јужна Италија со магичните Амалфи и Капри
  • Аликанте и Валенсија
  • Атина и Пелопонез
  • Париз

Промоции за резервација до 10.09

Резервирај!