Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Популарна дестинација

Јонското крајбежје е се попопуларна дестинација за нашите туристи. Се наоѓа во областа Епир со главен град Јанина. Од источната страна заштитен со планински венец Пиндос, во  чиво подножје се многубројни плантажи на портокали и лимони. Долж морскиот брег, од Игуменица до Лефкада, распоредени се шармантните туристички места, а најпознатите се: Парга, Сивота и Превеза

Туризмот на Јонското крајбрежје

Парга – е сликовито грчко летувалиште, најубаво на брегот. Отспротива се островите Паксос и Антипаксос, до кои се организираат излети со бротчиња кои тргнуваат од марината во центарот. Во самото место се три плажи: Крионери, Пизо Крионери и најубавата Валтос. Парга нуди голем број ресторани, барови, кафетерии, сувенирници, продавници, дискотеки и ноќни клубови, културно-историски објекти, па се препорачува за активен одмор.

Превеза – е голем град и пристаниште со многубројните содржини. Отспротива е острово Лефкада, кое секако треба да се посети, доколку летувате овде.

Сивота – e мало место, опкружено со преубав архипелаг од мали островчиња со бујна вегетација со песочни плажи. Некогаш рибарско село, денес е модерно летувалиште, во чива марина во летниот период се укотвени стотици јахти. Местото е распослано на неколку брегчиња и се спушта кон морето, шеталиштето и марината.

Лигија – е мало пристаниште на Јонскиот брег, од Превеза оддалечено 20 km.

Врахос – е една од најпопуларните плажи на Јонскиот брег. Се наоѓа помеѓу Парга и Превеза. Најблиското населено место е Луца. Плажата е долга, песочна и отворена кон морето. 

Канали – е одлично лоцирано летувалиште, на само 15 км од Превеза, со сите потребни содржини за пријатен, но мирен одмор. Плажата е песочно – камчеста, долга повеќе од 10 km.

Кастросикија – е мало село на преубава плажа, на само 6 км од Канали.

Каде се наоѓа Јонското крајбрежје

Сместување на Јонското крајбрежје

€129 Tour list image

Парга лето 2019

Апартмани 0 мислења 6 денови
€99 Tour list image

Врахос 1

Апартмани 0 мислења 6 денови
€119 Tour list image

Врахос 2

Апартмани 0 мислења 6 денови
€176 Tour list image

Lichnos Beach *****

Хотели 0 мислења 6 денови