Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Египет - античко ремек дело

Египет е вистински подарок во пространството на Сахара. Местото, каде што пред 5000 години е родена цивилизацијата. Мистиката на Африка и преубавата тиркизна боја на морето, се она што ги фасцинира посетителите на оваа дестинација. Многубројните хотели распоредени во повеќе летувалишта, широките цветни градини, ладот под разиграните палми, се доволни за потполно уживање во летувањето во Египет.

 

Сместен е во североисточниот дел на Африка и делумно во Азија (Синај) на Средоземното и Црвеното море, помеѓу Либија, Израел и појасот Газа. Зазема територија од околу еден милион квадратни километри. Околу 5% од земјата покрива вегетација, a остатокот е песочно – камчестата пустина Сахара. Долината на Нил е кичма-територија на која пред пет илјади години е родена египетската цивилизација. Египет брои околу 83 милиони жители, а скоро 90% живеат во големите градови.

Популарна туристичка дестинација Хургада

Хургада е бисер на египетскиот брег, сместена на Црвеното море, кое туристите го нарекле “Mоре со седум бои”. Има околу 150 илјади жители. Се протега на брег во должина од повеќе од 50 km. Новоизградените хотели со својата убавина во комбинација со локалниот начин на живот даваат права слика на Египет. Црвеното море, заради богатството на корали и морски свет е права мамка за туристите кои се љубители на нуркање, а идеалната позиција на градот нуди можност на разновидни излети.

Чартер лет од Скопје за Хургада

Каде се наоѓа Хургада