Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Величенствените Аликанте и Валенсија

Сместен во импресивното крајбрежје на Коста Бјанка, Аликанте е еден од најубавите и најатрактивните градови на Шпанија.Се наоѓа на медитеранскиот брег на источна Шпанија и е популарна туристичка дестинација за сите генерации. Аликанте не е огромен град, но тоа не го прави помалку интересен.Изобилува со култура која ќе ја почувствувате во секој сокак.

 

Има егзотични плажи и умерена клима во текот на целата година.

 

Заливи, цркви, музеи, тврдината Санта Барбара, Бенакантил, малиот остров Табарка автентични продавници, барови и ресторани лоцирани на стариот плоштад, се само дел од активностите каде ќе ја доживеее традицијата на овој магичен град.

4 дневна програма

(11.10.2019 – петок) – СКОПЈЕ – АЛИКАНТЕ

Состанок на групата во 13:00 часот пред Дрводекор. Упатување кон Софија. Полетување за Аликанте во 19:00ч. Пристигнување во Аликанте во 21:25 часот. Трансфер до хотелот(со јавен превз-карнет)и сместување. Ноќевање.

(12.10.2019– сабота ) – АЛИКАНТЕ

Појадок во хотел. Факултативен  разглед на Аликанте-Љубителите на извонредна архитектура, богата историја и културно наследство, одлични плажи, шопинг центри и бројни други возбудувања, сигурно ќе останат фасцинирани од посетата на Аликанте: тврдината “Санта Барбара”, изградена на 166 метри височина на ридот “Бенакантил”; прoшетка по крајбрежната улица “Еспланада” со препознатливата алеја од палми – симбол на морската душа на градот; катедралата со сина купола “Сан Николас”; Градското собрание на Аликанте, кое се одликува со орнаментирани елементи и интересни фасади на двете кули.Слободно пладне.Враќање во хотел. Ноќевање.

(13.10.2019 – недела ) – АЛИКАНТЕ-ВАЛЕНСИЈА

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет  во Валенсија со локален водич.Упатување кон Валенсија во 08:30ч.(со воз).Tрет по големина град во Шпанија, кој се наоѓа на устието на реката Турија во Средоземното Море. Градот ги фасцинира посетителите со мали, тесни улички, импресивни градби и паркови со дрвја од портокали и лимониПосетата започнува од северната станица, минувајќи од поштата, градската куќа, Маркесот на две води, централниот пазар, размената на свилата, катедралата, базиликата, археолошкиот музеј, палатата Борџа и кулите Серано и мостот на градините Турија.Заминување за Аликанте во вечерните часови.Враќање во хотел. Ноќевање.

(14.10.2019 – понеделник) – АЛИКАНТЕ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е полудневен разгледна островот Табарка(факултативно), плажата Сан Жуан и ручек во стариот дел од градот.Слободно време. Трансфер до аеродормот(со локален превоз карнет)во Аликантево 19:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 22:00 часот. Пристигнување на софискиот  аеродром во 02:15часот локално време.Организиран трансфер за Скопјепристигнување во утринските часовинаредниот ден.

Ценовник:

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10.09 :329 €  ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 359€ 
ЦЕНA ПО ЛИЦЕ – 379 € – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ
Ограничен број на места!!

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Софија– Аликанте – Софија со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери:Скопје- аеродром;
  • Сместување во хотел  со 3* со вклучен појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Факултативни излети:

Аеродромски такси 2.990 денари

Полудневен разглед на Аликанте со локален водич-30еур.

Целодневна посета  на Валенсија со локален водич-65еур.

Хотелска такса која се плаќа во хотел и изнесува околу 10 евра

Влезници во културно историски локалитети

Патничко здравственоо осигурување за лица до 65г.-150ден.