Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

4 дневна програма

10.10.2019СКОПЈЕ –АТИНА

Состанок на групата на паркингот пред Хотел Холидеј Инн  во 21.30 часот. Поаѓање за Атина во 22.00 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

11.10.2019АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови.Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

12.10.2019АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафплио – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина.   Враќање во хотел.Ноќевање.

 

13.10.201АТИНА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок.Ве водиме на полудневен излет (факултативен) долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот, каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни сати.

Ценовник:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.08.2019: 119 евра / 7.380 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра / 8.000денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување на база 2 НП во хотел 3*

– Организација на аранжманот и пратител на групата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување 120 ден

– Факултативна посета на Пелопонез (40 €)

– Вечера во Таверна (35€)

– Посета на Сунион (10€)

– Влезници за локалитетите и други факултативни посети

– Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според правилата на СКТМ и  ТРАВИТИТРАВЕЛ

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и местона поаѓање.

 

 

Јужна Италија за 8ми Септември 

НАПОЛИ - АЛБЕРОБЕЛО - КАПРИ - АМАЛФИ - МАТЕРА

Промоција за резервации до 20.08

Резервирај!