Притисни Enter за пребарување или Esc за исклучување

Халкидики Атос

Најисточниот дел на Халкидики е планината Атос, позната како Света Гора, каде што живеат само православните монаси. Седиштето на 20те православни манастири, вклучувајќи по еден српски, бугарски и руски манастир, е автономна држава под грчки суверенитет. На Света Гора можат да живеат само монасите и моментално ги има околу 2.000. Прв историски спис за постоење на монасите на Светата Гора, датира од првата половина на 9. век. По правилото наречено „аватон„, Света Гора можат да ја посетуваат само машки лица, со специјална дозвола, која се вади однапред. Голем број на туристите својата посета на Света Гора ја ограничуваат на гледање на манастирите со камери и двогледи од бродовите.

Најголемиот број манастири е изграден на обалите и во комбинација со преубавата природа, која ги опкружува, чинат слика која ќе Ве остави без здив. Извонредните уметнички дела, колекции на ракописи, икони и златни и сребрени предмети се чуваат во манастирите.

Туризмот во Атос

Хотелите се воглавно сместени околу Уранополис, Неа Рода и на островот Амулијани. Атос е единствена монашка држава на светот, спроти архипелагот Амулијани, со седумнаесет песочни острови и претставува неоткриен рај за туристите кои ја почитуваат традицијата и сакаат мирен одмор.

Олимпска регија или Пиериа се наоѓа на североисточниот дел од континенталната Грција. Од нејзината западна страна се наоѓа познатата планина Олимп која воодушевува со својата природна убавина и која е од 1985 година прогласена за национален парк. Главен град на оваа област е Катерини. Карактеристиките на оваа регија се бреговите со широки песочни плажи во правец север-југ, во должина од 70км. Во централниот дел на Пиериа се наоѓаат две летувалишта: Паралија Катерини и Лептокарија кои со своите бројни содржини привлекуваат голем број на туристи, како и Неи Пори, Олимпик Бич, Платамона и Литохоро кои исто така се популарни дестинации во оваа област. Тука се наоѓа и археолошкиот локалитет Дион, со остатоците на некогашното светилиште, гробница, театар и базилика кои сведочат за важноста на ова култно место во минатото.

Каде се наоѓа Атос

Сместување во Атос

€180 Tour list image

Апартхотел Lazaridis

Апартмани 0 мислења 6 денови
€65 Tour list image

Theoxenia ****

Хотели 0 мислења 6 денови
€84 Tour list image

Aristoteles Holiday Resort & Spa ****

Хотели 0 мислења 6 денови
€73 Tour list image

Hotel Akti Ouranoupoli Beach Resort ****

Хотели 0 мислења 1 ден
€83 Tour list image

Akrathos Beach Hotel ****

Хотели 0 мислења 1 ден

Докажано најдобрите тури оваа есен!

  • Јужна Италија со магичните Амалфи и Капри
  • Аликанте и Валенсија
  • Атина и Пелопонез
  • Париз

Промоции за резервација до 10.09

Резервирај!